КУЛТУРА

ДАЛИ Е ПОТРЕБНО ДА ИМА ВОЗРАСНО ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ТЕАТАРСКИТЕ ПРЕТСТАВИ

Не постои возрасно ограничување за театарските претстави што се играат во сите театри низ градов. Се играат различен тип претстави, дел од нив со експлицитна содржина, дел со голотија, теми неадевкатни за било која возраст. Но, никаде не е наведено дали претставата одговара за младинци.

„Се случувало да дојдеме со синот на театар и да го прашаат колку години има, заради содржината на претставата. Меѓутоа со веќе купени билети, тоа не е во ред. Ако е веќе така треба однапред тоа да биде нагласено, а не со купени билети“, вели Трајче Ф. родител.

За да се избегнат овие непријатни ситуации подобро е навремено да се дадат информации и препорачана возраст за одредена претстава. Од Македонски народен театар велат дека немале досега таква пракса, а реално имале ситуации кога родителите ќе дојдат со децата на некоја претстава што не е соодветна за помала возраст. Токму заради тоа, изјавија дека ќе размислат во насока на давање препорака во однос на возраст над која смее да се гледа определена претстава.

„Од репертоарот на Драмски театар единствено „Чудна случка со кучето во ноќта“ на режисерката Зоја Бузалковска одговара за младинци, се останато што се игра во овој театар не одговара за возраст под 16 години“, изјави Кристина Бетинска, раководител на маркетинг и ПР при Драмски театар Скопје.

„Најновата претстава што се поставува на репертоарот, „Кафез кај кокони“ е строго за 18+ заради содржинскиот дел, како и целата сценографија која е поставена на сцената, огледало во вид на фалус и слично. Претставата „Мојот маж“ е типично женска претстава и во неа да речеме главната хероина во претставата се соблекува за да и се види царскиот рез и тоа не е пријатно да го види еден младинец или дете“, споделува Бетинска.

Исто како и телевизиската програма што го користи триаголникот за да ја означи препораката да не го гледаат филмот деца под 13 години, треба да размислат и театрите во таа насока. Сепак не е пријатно тие информации да се даваат непосредно пред почетокот на претставата со веќе купени билети. Откако екипата на 091инфо.мк го постави тоа прашање од театрите добивме различни информации, едните велат дека ќе размислат во насока на воведување такви препораки, а другите пак дека е уставно право на било кој од нас да посетува што ќе посака.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

„Љубив во топка“- најновата книга на Ана Јовковска

„Љубов во топка“ е најновата книга на пистаелката Ана Јовковска која беше...

КУЛТУРА

ГЕРАСИМОВСКИ: Романот на Ксенија Николова „Зад маските” е уште една успешна приказна на општината

“Романот на Ксенија Николова „Зад маските” е уште една успешна приказна на...

КУЛТУРА

„Поетска епизода #10“ посветена на 100 години надреализам во Буква

Во кафе-книжарницата „Буква“ вечер во 20 часот ќе се одржи десеттата „Поетска...

КУЛТУРА

Концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонска музика“ во НОБ

Со почеток во 20 часот во Националната опера и балет (НОБ), ќе...