ИНФО

„Генералка викенд“ за чистење на општините и училиштата

Од денеска па до крајот на неделава, во 53 општини и 450 училишта низ државава ќе се одржува еколошката акција „Генералка викенд“.

Во акцијата ќе бидат вклучени повеќе од 16 000 волонтери, а ќе се собира отпадот од локациите мапирани од секоја општина посебно. За собраниот отпад во текот на акцијата ќе се погрижат локалните комунални претпријатија, Пакомак и Нула Отпад со соодветна селекција и рециклирање, а на сите локации ќе има и тимови од Црвен Крст кои ќе се погрижат за безбедноста на волонтерите.

„Да покажеме совесност и одговорност за своето однесување кон природата и да се вклучиме во „Генералка викенд“, акција која ја покажува моќта на заедништвото и ни дава можност отпадот да го претвориме во наша зелена иднина“, порача министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, еден од првите пет приоритети е Зелената транзиција.

„За секои 10 килограми собран отпад садиме по едно дрво и создаваме нов живот со разновиден растителен и животински свет“, вели Николовски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче”

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел...

ИНФО

Санкционирани 129 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 129 мерки, меѓу...

ИНФО

Голем Хепенинг во сабота во парк на Франкофонија

Општина Центар организира хуманитарен концерт со цел собирање срества за лекување на Кара...

ИНФО

„Халкбанк“ организира работилници во рамки на иницијативата Прајслес планет

Во рамки на глобалната зелена иницијатива на „Мастеркард“, „Прајслес планет“, „Халкбанк“ АД...