АКТУЕЛНО

Инспектори од Центар спречија незаконско градење на Водно

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски постапувајќи по пријава од граѓани заедно со инспектори од Секторот за инспекциски работи излезе на терен, на Водно, каде се забележани градежни дејствија. Станува збор за 4 парцели во приватна сопственост, кои се надвор од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја.

„На оваа локација не е предвидена никаква градба затоа веднаш е донесено решение за стопирање на  градежните активности, а сопственикот е повикан во општина каде ќе бидат утврдени следните чекори. Им се заблагодарувам и на жителите за пријавата по која веднаш постапивме. Нема да дозволиме не почитување на законите и уништување на зеленилото заради нечие самоволие“, рече Герасимовски.

Герасимовски повторно потсети сопствениците да парцелите на Водно да не се излетуваат и ги прекршуваат законите. Онаму каде не е предвидено не смее да се гради, Водно останува на граѓаните.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...