ИНФО

Гази Баба подели субвенции за вградување течен нафтен гас во возилата

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека ги доделиле решенијата за субвенции на граѓаните за вградување на уреди на течен нафтен гас.

„Доделени решенија за субвенции на граѓаните за вградување на уреди на течен нафтен гас во возилата. Денеска во просториите на општина Гази Баба ги доделив решенијата за субвенции за вградување на уреди за течен нафтен гас на возилата. Општина Гази Баба реализира сериозни мерки со цел намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух и заштитата на животната средина“, објави Стефковски.

Стефковски вели дека кога се работи чесно и кога средства од буџетот се користат наменски за проекти, тогаш во буџетот има пари за сè.

„Мерката за субвенционирање на уреди за вградување на течен нафтен гас, како и мерките за субвенции за купување на велосипеди, електрични тротинети и чистење на оџаци се мерки кои се реализираат во општината со моето доаѓање за градоначалник. Кога се работи чесно и посветено, кога средства од буџетот се користат наменски за проекти, тогаш во буџетот има пари за сè. Ги повикувам граѓаните да аплицираат и да ги користат субвенциите кои ги доделува општина Гази Баба“, посочи Стефковски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...

ИНФО

Посебен режим на сообраќај денес и утре

Денес (среда) во период од 13 часот, па сè до завршување на...