РИТАМ НА ГРАДОТ

22. по ред Виенски бал во Скопје

И годинава, Виенскиот бал во Скопје има хуманитарна димензија. Оваа година донацијата оди за децата С.О.С детското село. 

Во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, во сабота на 13 мај, ќе се одржи 22. издание на Виенскиот бал. Настанот е под покровителство на Амбасадата на Република Австрија во нашата земја, а во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус.

Како што е најавено, гостите ќе се дружат со виенскиот валцер, со екстравагантноста на Штраус музиката, со уметноста во која се чувствува легендарниот музички дух на Виена.

И годинава, Виенскиот бал во Скопје има хуманитарна димензија. Оваа година донацијата оди за децата С.О.С детското село. Секој гостин на Балот активно ќе учествува во афирмација на човековата добрина, достоинството и вредноста на човекот. За време на настанот, а со поддршка од „Елена Лука“ ќе се одржи и модна изложба на десетина луксузни, „Haute couture“ креации.

Во уметничката програма на Виенскиот Бал во Скопје ќе настапат уметници – оркестарот „Јохан Штраус“ ќе музицира под диригенство на Бисера Чадловска – ќе настапат првенците на Балетот од Националната опера и балет Саша Ефтимова и Балаж Локсен од Унгарија, Мирослав Митрашиновиќ, Христина Наќевска. – танчери на Танцовиот клуб „Прима Данца Врачар“, плесна школа од Белград – Свингерси – и вокалните солисти: Драган Бобиќ – Дексо, Калина Велковска. Водител на Балот е Вера Мештеровиќ.

На Виенскиот Бал во Скопје се почитува вековната традиција на задолжителниот дрес код, и тоа, за дамите – свечена долга тоалета, а за господата – смокинг, темно одело или униформа.

„Виенскиот Бал во Скопје и оваа година, потврдувајќи ја македонско-австриската сорaботка на поле на културата и уметноста, уште еднаш ќе ја донесе магијата на музиката, танцот и гламурот, и тоа во служба на хуманоста“, информираат организаторите

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Годишен концерт на Факултетот за музичка уметност

По повод Денот на Факултетот за музичка уметност, во Филхармонијата вечер од...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Годишен концерт со композиции од ренесанса на градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје вечерва ќе одржи годишен концерт во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Раста го крена на нозе „Синеплекс“ на промоцијата на филмот „3211“

Познатиот српски рапер Раста, вчеравечер имаше премиера на својот филм „3211“, во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Хуманитарен концерт „Жени за жените“

Во Филхармонија денеска ќе се реализира хуманитарен концерт насловен „Жени за жените“....