ПРИКАЗНИ

ЌЕ СЕ ЧЕКАМЕ ПРЕД КЕНАН

„Како наследник на Кенан јас го исполнив аманетот на татко ми кој почина 1982 година, дуќанот да продолжи да работи под своето препознатливо име. Во 1981 година се разболе,и кога веќе ја дозна дијагнозата на крај ми кажа јас сум готов и мора да наследиш да ја продолжиш традицијата. Во дуќанот работам од мојата седма година. Беше дедо ми, па татко ми, па јас, овој дуќан е многу стар, раскажува Асан Ѓулѓеман, најмладиот од петте деца на Кенан, кој ја продолжи семејната традиција.

Дуќанот за бојадисување кожна галантерија „КЕНАН“ е дуќан со семејна традиција, а овој занает во семејството Асан е повеќе од 300 години. Кенан Асан многу млад го учи занаетот од неговите предци и го отвора дуќанот на Плоштадот, до палатата Мацура далечната 1962 година пред големата поплава, со одобрение од тогашната Општина Идадија.

„Имаше и добри и помалку добри моменти, но не можам да се пожалам, се живееше добро. Како наследник на Кенан јас Ѓулѓеман, го исполнив аманетот на татко ми кој почина 1982 година, дуќанот да продолжи да работи под своето препознатливо име. Во 1981 година се разболе,и кога веќе ја дозна дијагнозата на крај ми кажа јас сум готов и мора да наследиш да ја продолжиш традицијата. Во дуќанот работам од мојата седма година. Беше дедо ми, па татко ми, па јас, овој дуќан е многу стар, раскажува Асан Ѓулѓеман, најмладиот од петте деца на Кенан, кој ја продолжи семејната традиција.

Во седумдесетите години на минатиот век, околу дуќанот на Кенан се наоѓало Корзото и било полно млади кои во тоа време се чекале пред Кенан. Тука, на Корзото секој си го имал местото на стоење кое си го имало друштвото.

„Мајстор Кенан никогаш немал недоразбирање со тие млади бидејќи му беа муштерии и често знаеше да ги услужи на вересија“, кажува Асан. Негови муштерии на времето биле и доста познати личности како што се: Благоја Попов, Љупче Ставрев, Перо Суџукот – претседател на урбанизам на град Скопје, претседатели, доктори и познати архитекти. „Јас сите ги знам, од мал сум таму, од 7 години сум во дуќанот. Јас и така се вработив во Владата. Поднесов барање и  меѓу 80 молби ме одбраа мене. Имам работено и во Министерство за транспорт и врски. Томислав Папеш ми беше шеф. Во Владата бев шофер, архива собирав, пошта носев, се работев. Таму ние бевме 19 души, ја држевме цела Македонија. Една фамилија бевме, овие сега многу души, а ништо не се прави. Јас се работев таму. Тука пред нашиот дуќан се одржуваа и многу митинзи, политички говори и сите политичари беа муштерии на мојот татко“, вели Ѓулѓеман.

Со насмевка на лицето тој се присетува на изминатите години, кога дуќанот кој работеше без ниеден ден застој ги услужуваше скопјани. Вели добро е и сега и се надева на подобро. „Да ви кажам бизнисот не пропаѓа, ама тешко е да се одржи. Јас работам, еве сега сум фул со работа, ама динамиката на работата претходно беше друга, ред чекаа, го молеа Кенан.  Пандемија, немаштија, се придонесе. Порано немаше празен простор за работа. Ние, македонците навикнавме колку и да имаме ново, репарираме и старото го чуваме. И друга работа претходно многу невести ни беа муштерии бидејќи сакаа се една нијанса. Кондури, венчаници, вел“, носталично се присетува Ѓулѓеман.

На прашањето дали на бизнисот влијаела релокацијата Асан кажува „Јас да сум и горе на Жезеничка на пругата, ќе ме најдат, до името е. Од 2004 сме на нова локација, кај Железничка станица, кога беше реконструкција на Плоштадот.Јас бев упорен, реков не одам, ќе седам и останав до крај. По планот тие изрушија многу дуќани. Јас останав како на острово, како на море, и така останав една цела година, кога веќе се направија притисоци и мораше да се иселиме“.

Но традицијата продолжува и ќерката на Ѓулѓеман,Мирсада која што е образован моделар,нема тоа да го дозволи и ќе го продолжи занаетот.

Кенан е нераскинлив дел од Скопје и ваквите легенди треба да живеат. Благодарение на упорноста и борбата на семејството Асан, занаетот успева покрај многуте предизвици да се одржи долго време и да стане препознатлив симбол на Скопје.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ПРИКАЗНИ

Што може да посетите во Скопје оваа зима

Директните летови за Скопје почнуваат на 18 декември. Одбравме осум работи што...

ПРИКАЗНИ

КУПУВАЈТЕ САМО ОД ВИСТИНСКИ ПЧЕЛАРИ: Продажбата на фалсификуван мед се поголема

Како да се препознае вистинскиот мед од напливот на се поголемиот број...

ПРИКАЗНИ

ЗЕЛЕНИОТ ДИЈАМАНТ НА СКОПЈЕ: Како кралската градина стана Градски парк

Градскиот парк во Скопје е волшебна оаза сместена во срцето на главниот...