АКТУЕЛНО

ПРИВАТНИТЕ АВТОБУСИ УШТЕ ГИ НЕМА: Арсовска не кажува дали ќе се вратат во јавниот превоз

Пред 15 дена е завршен огласот за враќање на приватните превозници во јавниот превоз, но градоначалничката Данела Арсовска не кажува дали е успешен. Четвртиот по ред оглас беше објавен на 10 април и траеше до 24 истиот месец. Но, од Град Скопје нема никакви информации дали е успешен, потпишани ли се договори или пак е поништен како минатиот пат.

Одговор не добиваме ниту на нашето прашање испратено до Одделението за односи со јавност на Градот и пиар службата на Арсовска.

Огласот беше распишан за линиите со број 9,11,11А,12,19,20,22,23,45,47А,52,54,55,61,63 и 73. За овие линии потребни се 115 автобуси и 245 возачи.

Со доаѓањето на функција на Арсовска јавниот превоз во Скопје е во колапс. Пола година на улиците нема доволно автобуси, граѓаните чекаат со саати, а кога ќе дојде возило не можат да се качат оти е препоплно. На социјалните мрежи кружи видео како луѓе висат од автобус на линијата 9 бидејќи е преполн, па дури не можат да се затворат вратите.

Проблемот настана откако приватниците кои со години се дел од јавниот превоз престанаа да возат оти Арсовска не им плаќаше и долгот стаса до 1,5 милиони евра. ЈСП „Скопје“ нема капацитет да ги надополни линиите на кои возеа приватниците и затоа се создаде хаос.

Арсовска изборите ги доби со ветувањето за брз, ефикасен и бесплатен превоз за сите граѓани, но ништо од тоа не исполни туку напротив го остави Скопје без редовен јавен превоз.

 

 

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...

АКТУЕЛНО

Општина Бутел ќе биде покровител на документарецот за еден од најголемите олимписки спортисти Шабан Трстена

На предлог на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, а со едногласна...

АКТУЕЛНО

5 нови патеки на Скопска Црна Гора спремни за различен тип на луѓе и скроени за различни годишни времиња

Општина Гази Баба известува дека е реализиран проект со кој се создавани...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: 62 решенија по 7.000 денари за семејствата со новороденче во Центар

62 решенија за новороденчиња на барателите за остварување на правото за користење...