МАГАЗИН

Новиот филм со Том Хенкс на врвот на Нетфликс

На Семрежната филмска база на податоци - ИМДБ, филмот има просечна оценка од 7,5 / 10, од над 71.000 гледачи кои го оцениле.

Филмот со Том Хенкс од 2022 година – „Човекот по име Ото“ (A Man Called Otto), во мигов е број 1 на стрим-платформата Нетфликс во САД.

Том Хенкс го глуми насловниот лик кој е намќор, но и доста несреќен, а сепак, топол лик Ото, во втората филмска обработка на романот „Човек по име Уве“ од Фредрик Бакман. Претходниот филм заснован на книгата е снимен во Шведска, 2015 година и го задржа оригиналниот наслов. Оваа верзија ја режираше Марк Форстер, по сценарио на Дејвид Маги. Во „Човек по име Ото“ се Рејчел Келер, Мануел Гарсија-Рулфо и Маријана Тревињо како сосетката со која Ото почнува необично пријателство.

На Семрежната филмска база на податоци – ИМДБ, филмот има просечна оценка од 7,5 / 10, од над 71.000 гледачи кои го оцениле.

Овој филм е и втора соработка меѓу Маги и Форстер. Отварувањето првпат се појави во кино, почнувајќи со ограничени прикажувања во декември 2022 година, но изгледа дека својот врв го достигна на стрим-платформата.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Пластика од целулоза за поздрава животна средина

Идејата за биопластика не е нова – веќе некое време, еколошки ориентирани...

МАГАЗИН

Дали замените за месо од растително потекло се навистина подобри за срцето од опциите за месо?

Како што замените за месо од растително потекло стануваат се попопуларни, истражувачите...

МАГАЗИН

Запален олимпискиот оган за ЛОИ „Париз 2024“

Денес беше запален олимпискиот оган за 33-те Летни Летни олимписки игри „Париз...

МАГАЗИН

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

Храната што децата ја јадат влијае на нивниот развој, но и на...