МАГАЗИН

Најскапата секс-играчка на светот направена од платина, дијаманти, сафири и бисери вреди 1,6 милиони евра

Mега-луксузниот вибратор е направен од платина покриена со 2.000 дијаманти, неколку сини сафири, бисери и многу ретки розови дијаманти. Накитот е вметнат така за да не се гребе...

Вибраторот „Ројал перл“ (кралски бисер) е најскапата секс-играчка во светот. Пред неколку години чинеше околу 900.000 евра, а денес вреди над 1,6 милиони евра. Дизајниран е од Колин Бурн, златар и уметник од Австралија, за неговата колекција „Богатството на еротиката“ (Treasure, The Erotic).

„Оваа извонредна, функционална направа е уникатен дел од современата уметност на накит што ќе се препознава со векови нанапред. Има прекинувач и контрола на брзината, а кога е исклучен, тоа е прекрасен украс којшто служи како таен клуч за задоволството“, се вели на страницата каде што може да се нарача вибраторот.

„Мојата инспирација беше да создадам нешто што ќе ја покаже вредноста што луѓето му ја припишуваат на сексот. Луѓето трошат многу пари за искуството да поседуваат „Масерати“ и слично. Но, се прашував дали ќе платат богатство за вакво нешто?“, рече Колин.

Mега-луксузниот вибратор тежи околу половина килограм и работи со две рачно изработени „моторчиња“. Направен е од платина покриена со 2.000 дијаманти, неколку кралски сини сафири, бисери и многу ретки розови дијаманти. Накитот е вметнат така за да не се гребе…

„Така употребата на вибраторот е многу пријатна!“, тврди овој златар.

Може да се купи преку интернет, но и ќе треба да се почека 12 до 13 недели, бидејќи е потребно токму толку време за да се состави ваква направа.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Совети за родители и поуспешни деца

Начинот како се разговара со децата и како родителот се однесува во...

МАГАЗИН

Марго Роби подготвува филм за играта „Монопол“

о светскиот успех на филмот „Барби“, Марго Роби повторно му се навраќа...

МАГАЗИН

И покрај благодетите на јаболката, постои момент кога не смеете да ги консумирате

Она што повеќето луѓе не го знаат е дека постои одредено време...

МАГАЗИН

Минатиот месец забележан како „најтоплиот март“ во светот

Минатиот месец беше „најтоплиот март“ забележан на глобално ниво, според мерењата направени...