АКТУЕЛНО

Зградите во Карпош ќе добијат соларни ситеми

Општина Карпош потпиша договор за проект за поставување на соларни системи во станбени згради во општината. Проектот „Sunrise“ е насочен кон развој на користењето на обновлива енергија во домаќинствата кои живеат во станбени згради. Истиот е финансиран од програмата од Европската климатска иницијатива (ЕУКИ), а партнер е имплементатор на проектот е Хабитат Македонија.

Имено, со воведување на концептот на производители – потрошувачи како нови учесници на пазарот, секое семејство може да изгради фотонапонска електроцентрала на својот покрив, за производство на електрична енергија од обновлив извор на енергија. Притоа, произведената енергија ќе ја користи за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведена енергија го предава во електродистрибутивната мрежа. Со измените се овозможува потрошувач-производител да стане и домаќинство кое се снабдува со електрична енергија од универзалниот снабдувач, а воедно се дава можност за инсталирање на фотонапонски електроцентрали со моќност до 6kW.

„Тука се предвидени активности за анализа на параметрите кои влијаат врз зголемувањето на користењето на соларна енергија во станбени згради, вклучување на граѓаните во разбирање и едукација за користење на соларна енергија, како и изнаоѓање на решенија за финансирање за обновливи извори на енергија и инсталирање на пилот приклучоци и фотоволтаици во станбените згради“, изјави извршниот директор на Хабитат Македонија, Зоран Костов.

Целта на овој проект е да се зголеми употребата на обновливите извори на енергија во станбениот фонд од страна на станарите, притоа следејќи го концептот на произведувачи и корисници на енергија во исто време“, велат од општната.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Општина Бутел ќе биде покровител на документарецот за еден од најголемите олимписки спортисти Шабан Трстена

На предлог на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, а со едногласна...

АКТУЕЛНО

5 нови патеки на Скопска Црна Гора спремни за различен тип на луѓе и скроени за различни годишни времиња

Општина Гази Баба известува дека е реализиран проект со кој се создавани...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: 62 решенија по 7.000 денари за семејствата со новороденче во Центар

62 решенија за новороденчиња на барателите за остварување на правото за користење...

АКТУЕЛНО

Поради инаетот на Арсовска, сега ЈСП ќе плаќа и камати за долгот кон приватните превозници

Јавното сообраќајно претпријатие никако да ја заврши финансиската голгота со приватните превозници,...