АКТУЕЛНОИНФО

ЗАЕДНО ДО ЦЕЛТА: Хуманитарна инклузивна штафетна трка

Идната недела (20.05.2023) на Школка во Градскиот парк за прв пат ќе се одржи хуманитарна инклузивна штафетна трка организирана од  здружението на граѓани Куќа на среќата, во соработка со Сојузот на спортови на Град Скопје и Хуманитарната организација „Свети Спас“ насловена ЗАЕДНО ДО ЦЕЛТА! Трката започнува од 10 часот и ќе трае до 14 часот.

Трката е од хуманитарен карактер и собраните пари ќе бидат наменети за подигнување на инклузивната свест и помош и поддршка на семејствата кои имаат лице со попреченост и иницијативата сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост.

Пријавувањето за учество во трката е на www.smartrace.club најдоцна до 15. мај 2023 година.

„Ќе трчаме, ќе играме, ќе пееме, ќе се запознаеме, ќе се дружиме сите без разлика на тоа дали сме типични или атипични, без разлика видливи, невидливи, црни и бели, стари, млади…. Сите заедно ќе испратиме една јасна порака дека само ЗАЕДНО можеме да стигнеме до целта, да се прифатиме, разбираме и сакаме“.

Секој тим мора да биде инклузивен, односно во трката можат да учествуваат тимови составени од 6 лица. Тимовите трчаат штафетно и истите мора да бидат од 2 лица типични, 2 лица атипични (видлива, невидлива попреченост) и 2 лица асистенти кои ќе трчаат заедно со атипичните лица.

Пријавување
Цена: – 500,00 денари од учесник со маичка од настанот
За лицата со попреченост (видлива, невидлива) учеството е бесплатно.
Рок за пријавување: 15.05.2023

Предвидени се повеќе опции за пријавување
Пријава на цел тим од 6 лица
Поединечно пријавување
Пријава на лица со попреченост

Пријавените кои нема да можат да ја обезбедат потребната бројка на учесници 6 лица, односно да создадат инклузивен тим кој ќе ги вклучува сите лица ќе бидат вклучени во тим од пријавените од страна на организаторот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Гази Баба почна со изградба на трибина во дворот на ООУ Наум Охридски

– Општина Гази Баба почна со изградба на трибина во дворот на...

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

ИНФО

Утре протестен марш на Здружение на Украинците во Македонија

Здружение на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ на 24 февруари (сабота), со...