ИНФО

Драчево доби нов спортско-рекреативен комплекс

Вчера официјално се пушти во употреба новиот спортско-рекративен компекс „Теодор Стојановски-Тоше“. Спортскиот центар се наоѓа на некогашното култно место „Оксиген“ во Драчево. Овој простор сега нуди голем број на содржини насочени кон унапредување на квалитетотот на живот и збогатување на спортската содржина во Драчево и во целата општина.

Во центарот, заедно со семејството на загинатиот бранител од втората пешадиска бригада, Теодор Стојановски-Тоше, во чија чест беше реименуван овој комплекс, беше откриена и неговата бистата, а потоа се одржа и меморијален турнир во фудбал, повторно посветен на овој млад бранител од Драчево.

„На 7500 квадратни метри овој простор нуди можности за спорт, рекреација, одмор и релаксација за сите наши граѓани. Детското катче, пешачките патеки, скверот, летниковците, надополнети со фонтани, урбана опрема и многу зеленило кое ќе се одржува преку систем за самонаводнување ќе го направат ова место привлечно за секого. Спортскиот дух, пак, ќе може да се развива на новите современи спортски игралишта за фудбал и за кошарка, или на поставените фитнес справи. Поставивме лед осветлување и рефлектори потребни за натпреварите кои ќе се одигруваат во вечерните часови. Нешто што ќе имаме можност да го презентираме уште вечерва и драго ми е што ве има во толкав број! Лично и од срце, посакувам секогаш ова место да ни биде полно како вечерва“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

По големиот огномет, се одржа и меморијалниот турнир на кој учество зедоа фудбалските клубови “Партизан Фудбал Кидс Драчево”, “Кул”, “Њу старс” и “Нова колонија”.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Поради дефект УКИМ без вода

ЈП “Водовод и канализација“- Скопје известува дека денес поради уличен дефект ф-150...

ИНФО

Партерно се уредува Бутел 2

Започа партерното уредување и засадување на ново зеленило во населеното место Бутел...

ИНФО

ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ: Каде денес ќе нема струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека неколку...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со температура до 18 степени

Времето денес претпладне ќе биде променливо облачно и релативно топло. Во јужните...