ИНФО

Донирај зелени поени за СОС Детско село

Пакомак почнува хуманитарна иницијатива „Собирај зелени поени“ по повод интернационалниот Ден на семејството. Пакомак во соработка со СОС Детско село ќе постави вендиг машини преку кои ќе се собираат „зелени поени“, а истите ќе служат за помош на децата без родители.

Имено, средствата ќе се собираат преку одложување отпад во вендинг машините поставени од „Пакомак“ и активирање на мобилната апликација „Ecomak“, која доделува поени во зависност од количината на отпад која ја одложува корисникот.

„Со помош на собраните средства, ќе се покријат дел од трошоците за психо-педагошка поддршка како и логопедски дефектолошки третман за децата без родители поддржани од СОС Детско село. Оваа иницијатива „Пакомак“ ја започнува симболично на интернационалниот Ден на семејството, за да потсети на важноста на грижата на децата. Децата без родителска грижа со одделувањето од своето биолошко семејство доживуваат трауматски искуства и се соочуваат со предизвици да се адаптираат во новата семејна, училишна и социјална средина. Трауматските искуства се тесно поврзани со големиот број на загуби низ кои децата поминуваат во самиот процес на одвојување. За да се олесни нивниот развоен процес, честопати е потребно ангажирање на стручни лица кои ќе направат темелна процена на индивидуалните потреби на децата и ќе овозможат соодветна поддршка“, истакнуваат од „Пакомак“.

Преку донација за СОС Детското село, директно помагате на многу деца без родителска грижа кои се поддржани од оваа организација.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

„Тегла+“ – зимница за бездомниците и за социјално загрозените семејства

Здружението „Љубезност“ оваа година ќе организира тридневен донаторски настан „Тегла +“, кој...

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...