ИНФО

БЕЗ КУЛТУРА, НЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

Сообраќајната култура не е само познавање на сообраќајните правила и прописи, туку претставува и навика на нивно редовно и безусловно почитување и применување.

По повод 11 мај – Денот на културата во сообраќајот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира да се почитува секој учесник во сообраќајот, да бидеме внимателни, одговорни и толерантни, и преку сопствениот пример да придонесеме за развивање на културата и безбедноста во сообраќајот.

Инаку, 11 мај во светот традиционално се празнува како „Ден на културата во сообраќајот“, а РСБСП секоја година се приклучува кон активностите за одбележување на овој значаен ден со цел подигнување на свеста на сите учесници во сообраќајот за законско, етичко и толерантно однесување, со што ќе се постигне и поголема безбедност на сообраќајот на патиштата.

„Секој учесник во сообраќајот со своите сфаќања, со движењето и начинот на однесување во сообраќајот директно влијае врз одвивањето и безбедноста на сообраќајот на патиштата. Притоа, се мисли не само на поседување на вештини за управување со возило, или на познавање на законските правила и прописи, туку и на нивното безусловно почитување и примена. Ваквото позитивно перцепирање на односите во сообраќајот е основната нишка на сообраќајната култура која треба да ја поседува секој учесник во сообраќајот без оглед дали станува збор за пешак, возач на моторно возило, патник, велосипедист, мотоциклист итн.“, соопштија денеска од РСБСП.

Сообраќајната култура, е дел од личноста на човекот и претставува одраз на неговиот карактер и како човек и како учесник во сообраќајот, а се воспоставува уште од најраната возраст. Токму затоа, РСБСП посебно внимание посветува на реализацијата на активности наменети за најмладите со цел нивно запознавање со сообраќајот, сообраќајните правила и прописи, како и со одговорното и совесно однесување во сообраќајот, со што ќе се овозможи тие да бидат безбедни и примерни учесници во сообраќајот на патиштата, се вели во соопштението на РСБСП.

Во таа насока е и континуираната соработка со воспитно-образовните институции во реализацијата на бројни кампањи и активности за издигнување на сообраќајната култура на повисоко ниво со што се создаваат услови за изградба на систем на општествени вредности во кој безбедноста во сообраќајот, културата и етиката во сообраќајот ќе заземат соодветно и значајно место.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Денес и утре изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, денес и...

ИНФО

Казнети 179 возачи, 51 возеле пребрзо

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните...

ИНФО

Две лица вчера биле каснати од улични кучиња

Во текот на вчерашниот ден до полицијата стигнале две пријави за каснувања...