ИНФО

АХВ: Млекото и млечните производи се безбедни, бруцелозата се испитува во повеќе фази

„Одговорно тврдиме, безбедносниот систем за млекото и млечните производи не е нарушен. Покрај лабораториските испитувања, во спроведувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните за годинава, како дел од повеќегодишните програми за контрола и искоренување на болестите кај животните, вклучително и на бруцелозата, се вршат и клинички прегледи. Лабораториските испитувања се само една од методите за докажување на здравствениот статус на животните на одгледувалиштата“.

Ова е реакцијата од Агенцијата за храна и ветеринарство откако Цветан Трипуновски од ВМРО – ДПМНЕ објави дека не е спроведена јавна набавка за лабораториско испитување на болеста бруцелоза.

„Примарната контрола на здравствениот статус на животните на фармите ја имаат сточарите и тие водат сметка за ова. Ја почитуваат законската обврска секоја промена во здравствениот статус на животните да ја пријават до ветеринарните друштва или официјалните ветеринари. Суровото млеко кое влегува во процесот на производство задолжително термички се третира(стерилизира/пастеризира) со што се елиминира и можноста, млеко заразено со бактеријата бруцела да влезе во производството. Оваа бактерија со термичкиот третман на млекото се уништува. Дополнително, врз основа на сопствени контролни програми и контролите кои ги спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство, се контролира и безбедноста на секој готов производ“, се појаснува во реакцијата од АХВ.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

ИНФО

Полицијата казни 188 возачи низ Скопје, возеле брзо и без возачка

Во вчерашните сообраќајни контроли, казнети се 188 возачи. Меѓу кои, 25 за возење...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и...

ИНФО

Две лица вчера биле каснати од улични кучиња

Во текот на вчерашниот ден до полицијата стигнале две пријави за каснувања...

ИНФО

СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ДНЕВНИ КОНТРОЛИ: Казнети 137 возачи, 43 за возење без возачка дозвола

Сooбраќајната полиција вчера на територија на град Скопје изрече 137 казни за...