МОЕ ЗДРАВЈЕ

Што никогаш не смеете направите кога се во прашање изгореници

Меурчињата од изгореницата немојте сами да ги дупнувате, а ако станува збор за мали деца, трудници или лица над 65 години задолжително посетете лекар.

Невнимание во кујната, жешка пегла, прекумерно изложување на сонце, жешка вода на кожата или било која друга несреќа може да предизвикаат изгореници. Тие се класифицирани во четири степени, во зависност од ошетувањето што го предизвикале, т.е. длабочината и зафатениот слој на кожата.

  • 1 степен – зафатен е само површинскиот слој на кожата
  • 2 степен – зафатени се подлабоките слоеви на кожата
  • 3 степен – зафатени се сите делови на кожата
  • 4 степен – зафатени се и поткожните ткива

Најчести повреди со кои се среќаваме дома и за кои не одиме на лекар се изгореници од прв и втор степен. Појавата на меури на кожата е карактеристична за вториот степен, додека тоа не е случај со првиот. Изгорениците од прв и втор степен со помалку од 30% зафатеност на кожата може да се лекуваат дома . Исклучок се трудниците, доилките, децата помали од шест години и лицата постари од 65 години, кај кои се препорачува посета на лекар во случај на изгореници од втор степен. Имено, тие имаат полоша терморегулација, а покрај тоа постои и опасност од дехидрација, особено кај доенчињата.

Експертите не се согласни

Пликови се појавуваат и кај потешки оштетувања на кожата, нивната основа е црвена или бела, а исполнети се со бистра, густа течност. Течноста во самиот меур содржи бројни цитокини и фактори на раст, при што некои лекари сметаат дека помагаат при заздравувањето. Во стручните кругови сè уште нема консензус на кој начин да се третираат меурчињата. Некои препорачуваат отстранување, додека други велат дека меурите не треба да се допираат бидејќи го штитат повредениот дел од кожата од инфекција. Во секој случај, дефинитивно не се препорачува нестручно лице само да ги дупнува меурчињата, бидејќи може да дојде до бројни компликации. Ако меурчето случајно се дупне или пукне, треба да се измие со вода и да се  нанесе антибиотска крема . Потоа задолжително се става стерилна газа за да не дојде до инфекција.

Како да се третираат изгорениците?

Важно е што поскоро да се започне со ладење на оштетените делови на кожата. Изгореното место треба да се држи под ладна вода 10 минути и да се покрие со газа. Отстранете го накитот од изгореното место бидејќи може да отече. Потоа, кожата треба да се намачка со крем за изгореници, чиј избор е многу широк. За полесни изгореници се препорачува употреба на препарати кои содржат декспантенол, бидејќи тој во клетките се претвора во витамин Б5, кој е важен за нормална функција на епителот и метаболичките процеси во кожата. Кај тешки изгореници, добар е гел кој содржи антихистаминик , особено ако е присутно чешање. Гелот од алое вера исто така помага бидејќи ја навлажнува кожата.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Совети околу тироидната жлезда

Тироидната жлезда е одговорна за лачењето хормони коишто регулираат многу од витални...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Зошто е добро да се пие сок од пченица?

Ако некогаш сте пиеле светло зелен сок или смути, голема е веројатноста...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Оревите помагаат во превенција на Алцхајмерова болест

Врската помеѓу исхраната и здравјето на мозокот е непобитна. Одредена храна е...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Со правилно дишење може да ги намалите здравствените проблеми

Иако честопати се заборава, еден од најдобрите начини да се решат некои...