ИНФО

Шаќири: Оформена е програма за ориентација на учениците од осмо и деветто одделение

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска учествуваше на конференција на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Тетово посветена на предизвиците на наставниците и училишните психолози поврзани со професионално насочување на учениците.

Како што соопшти  МОН, Шаќири посочи дека јакнењето на професионалната и кариерна ориентација е еден од приоритетите на Министерството за образование и наука и дека во Стратегијата за образованието 2018-2025, со Акцискиот план е зацртано подобрување на услугите за професионална ориентација и кариерно насочување, почнувајќи од основното, средното, стручното сè до високото образование.

„Донесовме Програма за професионална ориентација за учениците од осмо и деветто оделение, за да ја зголемиме нивната подготвеност за натамошното образование и проширување на нивните интереси за различни видови професии. Преку социјалниот дијалог „Учи паметно, работи стручно“, ги информираме за можностите и предностите на стручното образование, од аспект на брзо вработување но и проодноста кон високото образование“, рече Шаќири.

Тој информираше дека во средното образование во рамки на проектот „ЈЕС мрежа”, со финансиска поддршка на УСАИД, во 53 средни училишта беа воспоставени кариерни центри, со околу 200 кариерни советници, кои поминаа посебна обука и се оспособени преку употреба на различни техники да му помогнат на ученикот да ги спознае сопствените капацитети, вештини и интереси, со цел да направи вистински избор во однос на својот професионален развој.

Како креатор на политиките во образованието, Министерството за образование и наука предложи нов закон за средно образование, кој е во собраниска процедура, во чии рамки кариерно советување на учениците станува законска обврска на средните училишта. Тоа го направивме и со новиот Закон за високо образование, со кој секој универзитет има обврска да основа најмалку еден центар за кариера, кој води посебна евиденција за поранешни студенти, но и организира саеми за кариера на секој факултет, односно универзитет, истакна министерот за образование и наука.

Тој нагласи и дека цел на МОН и на Владата е да изградат квалитетен систем на образование кој ќе овозможи секое дете целосно да го реализира својот потенцијал за, како што рече, „да ја градиме државата како заедница на здрави, успешни и среќни граѓани“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...

ИНФО

Посебен режим на сообраќај денес и утре

Денес (среда) во период од 13 часот, па сè до завршување на...