ИНФО

Центар ќе дели пари за поправка на дотраените кровови и лифтови

Општина Центар објави Jавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојните кровни конструкции и постојните лифтови во станбените згради што се во согласност со Програмата за комунални дејности за 2023 година.

Јавниот повик се однесува на финансиска поддршка за поправка на технички неисправни лифтови, како и модернизација и подобрување на безбедноста на постојните лифтови. Финансиската поддршка за реконструкција на покриви и на кровни покривачи e насочена кон замена на постојните со еколошки и нивна реконструкција, во согласност со условите и критериумите за учество.

Проектот е поддржан со финансиски средства од Буџетот на Општина Центар во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000 денари за реконструкција на постојните кровни конструкции и во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000 денари за поправка и санација на лифтови. Сопствениците на посебни делови треба да ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 70% од вкупниот износ од вредноста.

Пријавите со целосна документација треба да се достават во Архивата на Општина Центар, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, во периодот од 8. мај до 8. јуни 2023 година. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот прв дојден – прв услужен, а право на учество ќе имаат заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради од подрачјето на Општина Центар.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...

ИНФО

Данела ги врати новогодишните куќарки на плоштад

Вратени се новогодишните куќарки на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Во текот на...