Патници висат од автобусите на ЈСП „Скопје” оти главниот град е оставен без редовен јавен превоз. На социјалните мрежи кружи видео од преполн автобус на линијата 9 и патниците кои чекаат на станицата, но не можат да се качат. Дел од нив висат од автобусот, кој бидејќи е преполн е може да ги затвори вратитеи вози со отворени врати.
Ваквата слика е секојдневие во јавниот превоз откако на градоначалничката функција дојде Данела Арсовска. На улиците нема доволно автобуси откако приватните превозници престанаа да возат, а ЈСП нема капацитет да ги покрие сите линии.
Проблемот настана откако Арсовска со месеци не им плаќаше на приватниците и долгот стигна до 1,5 милиони евра.
Со тоа Арсовска го остави Скопје без јавен превоз и граѓаните немаат како навреме да стасаат на работа, во болница и на училиште.
Leave a comment