ИНФО

Се чисти атмосферската канализациска мрежа

Во Скопје започнаа активностите за одржување на атмосферската канализациска мрежа паралелно со редовните активности за одржување на канализациската мрежа, во согласност со временската прогноза и најавите за зачестени врнежи од дожд.

Во рамки на дополнителните активности се изврши расчистување на сливниците, каналите и шахтите рачно, но и со примена на механизација – цистерна вакуум и под притисок. Расчистувањето и проверката се спроведоа на сите улици на територија на Скопје, со посебен акцент на критичните точки во градот: булевар „Србија“, улица „Јуриј Гагарин“, булевар „Александар Македонски“, булевар „Киро Глигоров“, подвозниците „Наше дете“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Александар Палас“, булевар „Илинден“, „Христо Татарчев“ и други, со цел непречена и нормална функционалност на атмосферската канализација, како и спречување на несакани последици, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ДНЕВНИ КОНТРОЛИ: Казнети 154 возачи, 25 за возење без возачка дозвола

Сooбраќајната полиција вчера во Скопје изрече 154 казни за сообраќајни прекршоци. Mеѓу...

ИНФО

Нова опрема за учениците од ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети подрачното основно училиште „Гоце...

ИНФО

Во февруари хуманиот третман го поминале 130 кучиња

Jавното претпријатие „Лајка“ известува дека во месец февруари, хуманиот третман го поминале...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со услови за краткотраен дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд....