КУЛТУРА

НОВА ПРЕТСТАВА ВО ДРАМСКИ: „КАФЕЗ КАЈ КОКОНИ“

Во сабота, на 13. мај во Драмски театар ќе игра премиерата „КАФЕЗ КАЈ КОКОНИ“. Режијата е на Димче Николовски, а актерската екипа брои 15 членови, меѓу кои во главната улога Жорж, сопственикот на кабарето се јавува Филип Трајковиќ, а во улогата на Албен, Александар Степанулески. 

Меѓу останатите, Предраг Павловски го игра Табаро, а зад ликот на Зорба стои Маја Вељковиќ Пановска, директор на Драмски театар. Во претставата сите играат жени кои танцуваат во кабаре. Не се работи за улоги на транвестити, туку едноставно за мажи кои сакаат да се облекуваат во женски сценски костуми за танц, ни кажа Кристина Бетинска, раководител на маркетинг и ПР при Драмски театар Скопје.

Француската фарса „Кафез кај кокони“ (“La cage aux folles”) ја има својата праизведба во февруари 1973 година во Париз. Мајсторски конструирана од познатиот актер и комичар Жан Пуаре како комедија на ситуации, забуни и карактери, ја освојува публиката на прв поглед и доживува над 2000 репризи. Игрив и забавен, но и храбро проткаен со сериозни теми дотогаш неприкажани на толку експлицитен и дрзок начин, текстот со хумор и леснотија задира во многу комплицирани теми: потребата за општествено прифаќање, сексуална слобода, избор во љубовта и потребата да се задржи личниот интегритет. Сместена во Сен Тропе, во веселите седумдесети, претставата „Кафез кај кокони“ покажува дека педесет години потоа, овие прашања се се’ уште отворени и провоцираат дијалог низ истата структура на хумор, игривост и дрскост.

Како костимографи се јавуваат Раде Василев и Елена Вангеловска. Кореографијата е на Кренаре Невзати – Кери, а додека преводот е на Радмила Јорданова и Благоја Бошковски Буцко.

Покрај танцот во претставата има доста комични елементи, особено кога сопственикот на кабарето ќе ги пречека сватовите бидејќи жени син во претставата.  Смешна ситуација се јавува кога сватовите кои се христијани доаѓаат во домот на Жорж и тогаш се тргаат сите елементи од домот кои се безобразни и на некој начин би ги навредиле сватовите. Огледала, фотељи во вид на фалус и се што е недозволиво за нив. Од Драмски театар најавуваат три часа смеење и пеење кои публиката долго ќе ги памети.

Претставата е 18 + бидејќи во истата има експлицитна содржина. Времетраењето на претставата е три часа.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година

Министерството за култура го објави конкурсот за финансирање проект од национален интерес...

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...

КУЛТУРА

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ во Драмски театар Скопје

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот...

КУЛТУРА

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната...