КУЛТУРА

ПЕТТО ИЗДАНИЕ НА „ЛИТЕРА“ ВО МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ ОД 23 ДО 27 МАЈ

Тројца врвни илустратори и креативци од Хрватска, Доминик Вуковиќ, Николина Манојловиќ-Врачар и Бранка Холингсворт-Нара, се специјални гости на петтото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца и млади Литера. Фестивалот ќе се одржи од 23 до 27 мај во Музејот на Град Скопје.

Ним ќе им се придружат и домашни илустратори, писатели, автори на сликовници, издавачи, мултимедијални ликовни уметници.

„Присуството на фестивалот на уметниците од Хрватска е особено важно, бидејќи преку мастеркласови и предавања своето искуство ќе го пренесат на младите илустратори и сите што сакаат да се занимаваат со оваа професија во нашата земја. На нив ќе им се придружат и домашни илустратори, писатели, автори на сликовници, издавачи, мултимедијални ликовни уметници“, вели Софија Семенпеева од тимот на Фестивалот.

На 5. издание на Литера, освен изложби и мастеркласови, во соработка со Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) ќе бидат организирани промоции на книги, а македонски писатели, креативци ќе организираат детски работилници и јавно читање сликовници. Како дел од фестивалот ќе бидат отворени три изложби на автори од Хрватска, како и изложбата „Свет со љубов“, во која ќе бидат изложени дела на млади македонски илустратори, што учествуваа на конкурсот што го организираше фестивалот.

Посебен фокус ќе биде ставен на конференцијата „Македонска современа илустрација“, на која ќе гостуваат реномирани професионалци од областа на детската литература и илустрацијата. Наградите Литера 2023 ќе бидат соопштени и доделени на затворањето на фестивалот.

Фестивалот „Литера“ е поддржан од Министерството за култура. Во месец фебруари откога беа објавени резултатите од годишниот конкурс за оваа поддршка се крена голема прашина од книжевната фела и издавачите околу сумата со која што беше поддржана.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Годишна изложба на дела на Родољуб Анастасов во Музеј на град Скопје

Во Музеј на град Скопје вечерва ќе се отвори Годишната изложба на...

КУЛТУРА

Промоција на краткиот анимиран филм „Лисичката плетачка“

Утре во Музеј на град Скопје во 18:30 часот, ќе се одржи...

КУЛТУРА

Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и Борче Стаменов добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за 2023

Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и Борче Стаменов од иницијативата...

КУЛТУРА

Самостојна изложба на Ешреф Ќахили

Во Националната галерија Чифте амам денеска ќе се одржи самостојна изложба на...