АКТУЕЛНО

ПЕТИЦИЈА ПРОТИВ ЗГРАДИТЕ ВО ЛИСИЧЕ: Не сакаме бетонизација, Муцунски да го повлече планот

Жителите на населбата Лисиче поднесоа петиција до градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски и Советот на Општината против новиот предлог-Детален урбанистички план. Велат дека не сакаат бетонизација и бараат Муцунски веднаш да го повлече ДУП-от, кој како што велат е лош и не е во интерес на граѓаните туку на градежниците.

„За ова кратко време се соочивме со низа препреки и опструкции, но не успеаја да ја скршат нашата комшиска солидарност и сплотеност да ги спречиме во нивните подли намери да ни ја бетонизираат и обезличат населба Лисиче. Но, тука не застануваме будно ќе ги следиме сите нивни чекори“, се вели во петицијата на која се потпишани 711 жители..

Жителите велат дека не биле консултирани и не биле адекватно вклучени во процесот на носење на планот и тој е во спротивност со стандардите и нормативите за урбанистичко планирање. Со градењето на зградите кои ќе бидеат со висина од 16 до 32 метри се загрозуваат условите за хумано живеење, нарушена е животната средина, се загрозува постоечката инфраструктура, правото на сопственост и се обезвреднуваат имотите на граѓаните.

„Во населбата Лисиче нема многу зелени површини. Новиот ДУП кој предвидува згради и сервисни улици токму на зелени површини ќе предизвика дополнително загадување и покрај преземањето мерки против аерозагадувањето“, велат жителите на Лисиче.

Тие петицијата и барањето за повлекување на ДУП-от ќе го достават и до градоначачничката Данела Арсовска, Народниот правобранител, Министерството за транспорт и врски и Министерството за животна средина.

Според предлог ДУП-от во населбата која сега е само со куќи, се предвидуваат девет згради. Четири од нив се на булеварот Србија од кои три се осумкатници со приземје, 6 ката и поткровје, а зградата на ќошот меѓу булевар Србија и улицата 12. Македонска бригада е 12-катница со приземје, 10 ката и поткровје. Пет згради има на улицата 12.Македонска бригада, каде сега се куќи и со новиот план на сопствениците им се дозволува да кренат згради од приземје, 4 ката и поткровје.

Дополнителен проблем е и тоа што зградите се нацртани над главната гасоводна цевка, на која не смее да има никакви објекти.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

Од утре стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13...

АКТУЕЛНО

Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот набавка на мерна станица за...

АКТУЕЛНО

Скопската зоолошка градина демантира дека немаат адекватен кадар за грижа за животните

Скопската зоолошка градина има двајца дипломирано ветерирани со полно работно време кои...

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...