МАГАЗИН

Ова се причините кои навечер ве држат будни  – ставете им крај

Будењето во текот на ноќта е нормален дел од процесот на спиење, но на многумина им создава проблеми бидејќи долго не успеваат да заспијат. Сепак, не секогаш се работи за инсомнија (несоница). Понекогаш причините се едноставни и можете да ги контролирате и да го подобрите квалитетот на вашиот сонот.

„По пубертетот, сонот почесто се прекинува. Жените на возраст од 50 години се будат во просек 3,7 пати во текот на ноќта“, покажуваат податоците на страницата SleepHub, посветена на спиењето.

Тие наведуваат и дека спиењето се состои од циклуси, а секој трае од 60 до 120 минути. Нормално е дека на крајот од секој циклус сме поблиску до „површината“ пред да нурнеме во следниот. Доколку нешто ни попречи токму во тој момент, лесно ќе се разбудиме, но и ќе се чувствуваме прилично будни.

„Луѓето често ги фрустрира фактот што се будат во исто време секоја вечер, но тоа всушност е добар знак дека нашиот внатрешен часовник и механизмите за спиење се синхронизирани“, истакнува SleepHub.

Најчестите причини кои го прекинуваат сонот се следните, но не се нерешливи.

  1. ‘Рчење

Не само што веројатно ќе го прекинете сонот на вашиот партнер, туку може и самите да се разбудите. Постојат многу совети, уреди и методи за намалување на ‘рчењето, но тоа може да биде и здравствен проблем, па доколку е често, посетете специјалист за проблеми со спиењето.

  1. Анксиозност

Ако ве измачуваат бројни грижи или едноставно во вашата глава се повторува вчерашниот ден, воедно размислувате и за утрешниот ден, тешко дека ќе се наспиете. Не постои лесно или единствено решение. Може да се обидете да водите дневник на спиење, да се смирите со медитација, пријатно дружење или чаша топло млеко пред спиење.

  1. Неудобен кревет

Фотелји, кревети на извлекување, детски кревети, лоши душеци, сето тоа може да го попречи сонот, но и да биде погубно за вашиот грб. Обидете се да ја смените перницата или прекривката.

  1. Одење во тоалет

Иако сте отишле пред да си легнете, мора да станете во 3 часот по полноќ бидејќи едноставно не можете да издржите. Ако ова често ви се случува, а после тоа ви е исклучително тешко повторно да заспиете, обидете се да пиете помалку течност неколку часа пред да одите на спиење.

  1. Температура

Просторијата во која спиете не треба да биде потопла од 15-16 степени Целзиусови за квалитетен сон, затоа проветрете ја просторијата пред да си легнете и намалете го греењето. Ако постојано ви е ладно, изберете потопли ќебиња или прекривки од посебни материјали, но не вклучувајте греење!

Кога станува збор за несоница?

Ако имате проблеми со спиењето почесто, може да станува збор за несоница. Тоа е најчестото нарушување на спиењето, а може да биде минлива, повремена или хронична. Несоницата која трае од една ноќ до неколку недели е минлива. Се смета за хронична ако се јавува повеќето ноќи и трае еден месец или повеќе. Тешко е да се дијагностицира, а честа причина е депресијата. Се карактеризира со отежнато заспивање, често будење во текот на ноќта со потешкотии за повторно заспивање, прерано будење наутро, спиење после кое не се чувствувате одморени.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Совети за родители и поуспешни деца

Начинот како се разговара со децата и како родителот се однесува во...

МАГАЗИН

Марго Роби подготвува филм за играта „Монопол“

о светскиот успех на филмот „Барби“, Марго Роби повторно му се навраќа...

МАГАЗИН

И покрај благодетите на јаболката, постои момент кога не смеете да ги консумирате

Она што повеќето луѓе не го знаат е дека постои одредено време...

МАГАЗИН

Минатиот месец забележан како „најтоплиот март“ во светот

Минатиот месец беше „најтоплиот март“ забележан на глобално ниво, според мерењата направени...