Денес од 8 до 15 часот, без струја ќе останат делови од објектот на АДОРА Флет Ајрон во Кисела Вода и жителите на улица Борис Трајквоски, како и дел од корисниците на улица Горно Лисиче карши школото со времен прекин од еден час од 9 до 10 часот.
Освен овие, од 9 до 12 часот, без струја ќе останат с.Радуша, Орашје, Дворце, Космофон Радуша, Космофон Рашче и Караула Радуша и с.Долно Свиларе и с.Горно Свиларе од 13 до 15 часот во Општина Сарај, а во период од 09:30 до 15 часот без електрична енергија ќе останат куќите околу паркингот на АРМ до кружниот тек во Влае, Гостилница Убац и куќите позади на калдрмата до новата зграда во Општина Ѓорче Петров.
Leave a comment