ИНФО

МОН објави конкурс за седум стипендии за студии од прв циклус во странство

Министерството за образование и наука објави конкурс за доделување седум стипендии од прв циклус во страство за академската 2023/2024. Право да конкурираат ќе имаат студентите од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финансиите, физиката, биологијата, хемијата, медицинските науки и генетиката на еден од првите сто рангирани универзитети, согласно последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џио Тонг универзитет.

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

  1. Да  има завршено соодветно средно образование, при тоа до денот на пријавувањето да остварил успех во средно образование од најмалку просечна оцена 5.00 од сите предмети во текот на средното образование, а доколку учи средно образование во странство, да остварил еквивалентен просечен успех од најмалку просечна оцена 5,00 од сите предмети во текот на средното образование;
  2. Да е примен на додипломски студии од прв циклус за прв пат во прва година во академската 2023/2024 година на еден од првите сто рангирани универзитети од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финансиите, физиката, биологијата, хемијата и генетиката, согласно последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џио Тонг универзитет;
  3. Да  има доказ за активно познавање на јазикот на кој се изведува наставата;
  4. Да не е корисник на стипендија од друг давател;
  5. Да е државјанин на Република  Северна Македонија;
  6. Да не му била доделена претходно стипендија од Министерството за образование и наука за студии во странство, независно дали истата ја искористил, делумно ја искористил или не ја искористил.

Потребни документи за пријава:

  1. Свидетелства за завршени I, II, III и IV година од средно образование, и/или потврда за запишана IV година, а дипломата за завршено средно образование и постигнатиот успех дополнително да се достави при потпишување на договор (заверени на нотар);
  2. Доколку кандидатот за доделување на стипендија средното образование го има завршено во странство да се достави доказ за извршена нострификација од страна на Министерството за образование и наука;
  3. Потврда од високообразовната установа дека кандидатот е примен првпат во прва година на додипломски студии од прв циклус во академската 2023/2024 година: од кога започнува семестарот и колку семестри траат студиите и висината (цената) на уписнината;
  4. Уверение-потврда за активно познавање на јазик (TOEFL, IELTS, DELFT или нивен еквивалент за соодветниот јазик);
  5. Своерачно потпишана изјава, под морална и кривична одговорност, дека кандидатот не е корисник на стипендија за додипломски студии од прв циклус од други даватели (заверена на нотар);
  6. Мотивациско писмо;
  7. Меница во форма на нотарски акт како средство за обезбедување на исплатените средства;
  8. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
  9. Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач;
  10. Потребните документи за доделување на стипендиите за додипломските студии од прв циклус може да се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.

При еднаков број на бодови, предност во доделувањето на стипендијата се дава на оној кандидат кој се определил за повисоко рангиран универзитет според последната објавена ранг-листа на глобални универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг универзитет. Во случај ако кандидатите повторно имаат ист број на бодови, предност во доделувањето на стипендијата се дава на оној кандидат кој остварил повисок резултат на испитот за познавање на странски јазик на кој се одвива наставата, на кој ќе студира кандидатот (ТОЕФЕЛ/TOEFL, ИЕЛТС/IELTS, ДЕЛФ/DELF или нивен еквивалент за соодветниот јазик).

Рокот за пријавување на кандидатите за користење на академски стипендии за студии од прв циклус во странство е најдоцна до 31.08.2023 година. Резултатите од конкурсот ќе се објават на 15 септември 2023 година.

Повеќе информации околку висина на стипендијата, обврски на избраните кандидати, начин и рок на пријавување имате ТУКА.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне нестабилно и дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд....

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...