АКТУЕЛНО

КАМПАЊА „ОД ВРАТА ДО ВРАТА‘‘: За 20 дена вакцинирани над 200 деца

Над 200 деца, кои ја пропуштиле редовната имунизација, се вакцинирани на лице место во рамките на акцијата на Министерството за здравство со Светската здравствена организација (СЗО) „Од врата до врата“. Кампањата почна на 24 април, како дел од Европската недела на имунизација 2023 и се реализира со финансиска поддршка од ЕУ.

Во неа се вклучени повеќе од 30 медицински тимови, кои до крајот на овој месец планирано е да посетат 2.900 семејства во над 120 населени места.

„Тимовите составени од здравствени работници ги презентираат придобивките од имунизацијата, а воедно вршат и администрирање на вакцини против ковид-19, како и рутинска вакцинација“, велат од ресорното министерство.

Според последниот извештај на УНИЦЕФ кој излезе во април,  во 2021 Македонија заедно со Босна и Херцеговина и Киргистан, била на второ место во Европа и Централна Азија според бројот на деца со „нула дози“, (кои немаат примена никаква вакцина) – 11 отсто од децата помали од една година. На прво место е Молдавија, каде оваа стапка изнесува 13 отсто.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Град Скопје воведува нова биокомпостара за ефикасно третирање на органскиот отпад

Градоначалничката на Град Скопје, заедно со екипи од скопските јавните претпријатија, ја...

АКТУЕЛНО

4.700 основци од Бутел ќе добијат бесплатни униформи

4.700 основци на територија на општина Бутел ќе добијат бесплатни училишни униформи....

АКТУЕЛНО

БУБАМАРАТА НА ДНК СЕ ПРОДАДЕ ЗА 250 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Донирани 690 илјади денари за лекување на младиот Леонид

Групата ДНК ја објавија на лицитација бубамарата што ја добија, со цел...

АКТУЕЛНО

Наредната сезона ќе профункционира градинката „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за...