СЦЕНА

Врвни музички имиња на четвртото издание на Скопски градски фестивал

Скопје го добива четвртото издание на Скопскиот градски фестивал кој ќе се  одржи од 11 до 13 мај на повеќе локации. Исто како и минатите три години, и ова издание на Фестивалот е во организација на Баги Комуникации и носи возбудливо музичко искуство кое ќе ни го овозможат најдобрите балкански и европски музичари. Сите концерти започнуваат во 20 часот.

На 11 мај (четврток), во салата Фросина во МКЦ ќе настапат:
Елвис Станиќ – најпознатиот хрватски џез музичар, извонреден гитарист, мулти-инструменталист и продуцент, со долгогодишна успешна регионална и меѓународна кариера. Лидер е на групата Elvis Stanic Group со која настапувал на џез фестивали во САД, Англија, Холандија, Австрија, Италија, Турција, Германија, Норвешка, Грција, Унгарија, а два пати настапил и на најпознатиот и најголем светски џез фестивал во Montreaux.

AJS Quartet (Albanian Jazz Society Quartet) – Квартет составен од најпознатите џез музичари во Албанија: Gent Rushi – пијано, Ermal Rodi – саксофон и флејта, Roni Gjura – бас, Emilijano Dhimo – тапани. Квартетот има успешна регионална и меѓународна кериера, настапувале на повеќе светски реномирани фестивали.

На 12 мај (петок), во големата сала во Филхармонија настап ќе има најуспешниот и најпознат српски и балкански етно состав Биља Крстиќ и Бистрик Оркестар.

Биља Крстиќ и Бистрик имаат долгогодишна успешна кариера, со голем број настапи на сите континенти, со добиени голем број награди и признанија, музика создадена за филмови и ТВ серии, 5 студиски албуми и 2 албуми со филмска музика. Нивни албуми издаваат и странски дискографски куќи меѓу кои „ARC Music” од Англија, „Intuition Shot Music” од Германија и „V2” (огранок на Virgin) од Грција. Голем дел од репертоарот на Биља Крстиќ и Бистрик се обработки на македонски традиционални композиции, кои ќе бидат изведени на концертот на Скопски Градски Фестивал.

На 13 мај (сабота), во камерната сала во Филхармонија, пијанистот Бобан Мирковски ќе го промовира својот најнов музички проект со наслов „АЛБУМ“, кој содржи 12 врвни македонски композиции изведени на пијано. На концертот ќе бидат изведени некои од најпознатите македонски евергрини, создадени во периодот од 1969 до 2001 година. Ќе бидат застапени дела на некои од најпознатите композитори меѓу кои Славе Димитров, Љубомир Бранѓолица, Александар Џамбазов, Григор Копров, Влатко Стефановски, Кире Костов, Љупчо Мирковски, Тодор Бојаџиев, Димитар Масевски и Ванчо Димитров. Сите композиции ќе бидат изведени со нови аранжмани, специјално создадени за оваа пригода.

Концертната промоцијата ќе се одржи под слоганот „Ја чуваме македонската музика“.

Во периодот од 26 мај до 5 јуни, во МКЦ ќе биде отворена изложба на македонски музички плакати. На изложбата ќе бидат претставени плакати на македонски музичари и групи од изминатите три децении, и ќе биде своевиден  пресек на музичкиот дизајн кај нас и документ за 30 годишното постоење на македонската музичка сцена.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и Комерцијална Банка.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Премиера на престава за млади „Адамс Фемили“ во Албанскиот театар за деца и млади

Во НУ Албански театар за деца и млади во Скопје утре вечер...

СЦЕНА

Операта „Валкира“ утре во НОБ – прво спектакуларно издание на Вагнер

Во изведба на гостите од Софиската опера и балет, утре за првпат...

СЦЕНА

Танцова претстава, филмска претпремиера, изложби за 50 години јубилеј на Францускиот институт во Скопје

Францускиот институт во Скопје годинава слави пет децении од своето основање и...

СЦЕНА

Мурад Мерзуки, кореографот на церемонијата на отворање на Олимписките игри 2024 со перформанс во Скопје

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата...