СЦЕНА

СО ПРЕТСТАВАТА „ТИК-ТАК“, ТУРСКИ ТЕАТАР ГОСТУВА ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Националната установа „Турски театар“ вечер со почеток во 20:00 часот, на сцената на Театар Комедија, премиерно ќе ја изведе претставата ТИК-ТАК.

Адаптација и режија на претставата работена според мотивите на Лорен Бафој и Висенте Вилануева припаѓаат на Синиша Ефтимов, а улогите ги толкуваат Селпин Керим, Осман Али, Неат Али, Несрин Таир, Ебру Мусли, Филиз Ахмет и Бурханедин Ибрахим.

Претставата се поставува по мотиви на филмот „TOC TOC (Trastorno Obsesivo Compulsivo т.е. на шпански: Опсесивно-компулсивно нарушување)“ на францускиот писател Лорен Бафи и шпанскиот режисер Висенте Виљануева. Режисерот Евтимов ја направи и адаптацијата на текстот.

Во текот на изведбата ќе се проектира и превод на македонски јазик.

Пред 4 години оваа претстава за прв пат беше поставена во Македонски народен театар, исто во режија на Синиша Евтимов.

Поради експлицитните реплики кои се употребени во текстот своевремено МНТ објаву дека претставата е наменета за возрасна категорија над 18 години.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Кратки Македонски Филмови во Кинотека

Денес со почеток во 18:00 часот во Кинотека на Македонија ќе бидат...

СЦЕНА

„Суперхикс“ на 16 април ќе го промовираат албумот „Сила и нервоза“

Во просториите на Домот на култура „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода...

СЦЕНА

Изложба на светски познатата медалистка Надја Розева во Чифте Амам

Во тек се последните подготовки за отворањето на самостојната изложба „Медална скулптура“...

СЦЕНА

Со проекција на „Жена-Убиец / Фониса“ во Кинотека завршува Фестивалот на грчки филм

Со проекција на анимираниот краткометражен филм „Поглед од балконот“ на Арис Капланидис...