КУЛТУРА

„Соништа“ – прва самостојна изложба на бруцошот Филип Мартиновски

Првата самостојна изложба на Филип Мартиновски – „Соништа“ ќе се отвори на 10 мај во 20 часот и ќе биде изложена до 25 мај во галеријата на Младински културен центар (МКЦ).

Филип Мартиновски (Скопје, 2003) е студент во прва година на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на класата Ликовна педагогија. Средношколското образование го завршил во Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски” во Скопје, на Одделот за сликарски дизајн. Матурирал со проектнa задача на тема „Соништа”, а најголемиот дел од делата на оваа изложба се сочинети во завршната година од средношколското образование.

Со свое дело дебитантски учествувал на колективната изложба посветена на односот „сликарство-поезија” во рамките на првото издание на Скопскиот поетски фестивал во 2021 година, како и на хуманитарна изложба во 2023 година, а и двете први претставувања во јавноста на овој млад ликовен автор се во Младинскиот културен центар, каде што деновиве се поставува и неговата прва самостојна изложба, која ќе се отвори на 10 мај во 20 часот во Галеријата МКЦ.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

МНТ хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба на претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“

Македонскиот народен театар хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба...

КУЛТУРА

Промоција на монографија за Универзална сала, „Скопскиот симбол на хуманоста“

Книгата е издание на ЈУ Универзална сала – Скопје, а објавена е...

КУЛТУРА

„Гола Планина“ организира фестивал „Сепак се врти“ во Градски парк

Во Градскиот парк во Скопје, во делот кај сцената „Лепеза“, на 3...

КУЛТУРА

Клинци број 2 – младинско книжевно читање во Europe House Скопје

Второто книжевно младинско читање кое ќе се одржи во „Europe House Скопје“,...