АКТУЕЛНО

ЗА НЕШТО ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН МЕСЕЦ: Дури 65 граѓани пријавиле дека биле каснати од улични кучиња

Нема ден во дневните билтени на Министерството за внатрешни работи да не се забележани помеѓу 3-5 пријави од скопјани дека се каснати од кучиња скитници. Така, од почетокот на минатиот месец, до денес во главниот град има пријавени над 65 каснувања, во сите општини – Карпош, Ѓорче Петров, Гази Баба, Чаир, Центар…

Само во текот на викендов, во саботата и неделата, петмина граѓани пријавиле дека биле каснати од куче скитник.

  • На 05.05.2023 во Полициската станица Бит Пазар, О.П.(71) од Скопје пријавил дека на ул.„Македонско косовска бригада“ бил каснат од куче скитник.
  • На 05.05.2023 во 17.30 часот во Полициската станица Чаир, Д,Л.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„Марко Крале“ бил каснат од куче скитник.
  • На 05.05.2023 во 15.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, И.М.(48) од Скопје  пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник.
  • На 06.05.2023 околу 18.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.М.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Трифун Хаџијанев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
  • На 06.05.2023 во 09.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, О.С.(69) од Скопје пријавила дека на ул.„Ѓорче Петров“ била касната од куче скитник.

Но, бројката во пракса е и многу поголема, бидејќи некои граѓани и не знаат каде треба да се јават кога ќе ги касне куче, дали случајот треба да го пријават во полициската станица каде живеат или каде се случилоо каснувањето, дали несреќниот случај треба да се евидентира во ЈП Лајка или пак во болницата каде им е укажана прва помош.

Каде да пријавите и која е процедурата што треба да ја направите во случај да ве касне куче скитник или куче со познат сопственик, прочитајте тука.

Од Град Скопје не одговараат колку случаи на каснувања од куче има пријавено од почетокот на годинава, ниту пак дали од градската каса се исплатени пари за вакви оштети. Минатата година на име каснувања од кучиња од Градот беа исплатени 10 милиони денари.

Единствената информација од ЈП Лајка е дека во април заловиле и чипирале 114 кучиња во повеќе општини. За пријави од каснувања, оттаму нема информации за јавноста.

Оние кои се каснати од куче можат да го тужат Град Скопје и досега случаите се решаваа преку судски процеси. За да се намалат трошоците, сега Град Скопје нема предметите да ги решава по судски пат туку спогодбено со каснатите граѓани, а оштетата која ќе им се исплаќа нема да биде повисока од 100.000 денари.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...