КУЛТУРА

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА ВО СКОПЈЕ Е ПОГРЕБАНА СЕСТРАТА НА СУЛЕЈМАН ВЕЛИЧЕНСТВЕНИОТ

Малкумина знаат дека во Скопје, во Султан-Муратовата џамија е погребана сестрата на Сулејман Величенствениот. Оваа џамија е најстарата џамија на територија на Балканот, изградена уште во 1463 година како задужбина на султан Мурат Втори.

Султанмуратовата џамија се наоѓа наспроти Бит-пазар, помеѓу поликлиниката и комплексот факултети. Поради султанското ктиторство, позната е како Хјунќар џамија, односно Царска или Султанска џамија, но и како Саат-џамија, бидејќи е сместена во близина на Саат-кулата.

Оваа џамија била изградена на темелите на некогашниот христијански центар на Скопје, манастирот Свети Ѓорѓи Горгос (Скоропостижник) на врвот на Виргинов Рид, кој се издига источно од Бит-пазар.Во својата долга историја џамијата била повеќе пати оштетувана во пожари и воени пустошења како и во земјотресите што го зафаќале Скопје по кои била повторно обновувана. Токму заради тоа, не постојат записи за тоа кој бил нејзиниот првобитен изглед.

Турбето или гробницата на сестрата на Сулејман Величенствениот се наоѓа од јужната страна на џамијата. Во литературата е познато како Турбе Бејхан Султан, Бикј хан и Бејан баба. Тоа е од типот на затворени турбиња со купола. Изгледа доста масивно и по своите димензии може да кажеме дека е и најголемо турбе кај нас. Ѕидано е и од камен и од тула и изгледа многу живописно.

Покрај оваа гробница, во дворот на џамијата од источна страна се наоѓа и семејната гробница на Али-паша од Дегестан каде биле закопани во камени саркофази жената и ќерката на Али-паша.

Сите споменици на културата во Скопје кријат многу тајни досега неоткриени и со ваквото прераскажување на историјата, таа ќе остане и ќе се пренесе на идните генерации кои допрва ја учат.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година

Министерството за култура го објави конкурсот за финансирање проект од национален интерес...

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...

КУЛТУРА

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ во Драмски театар Скопје

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот...

КУЛТУРА

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната...