ИНФО

Герасимовски од директорките побара предлози и идеи за решавање на булингот во училиштата

Директорките на центарските училиштата го информираа градоначалникот Горан Герасимовски, за активностите кои ги спроведуваат тековно, а се поврзани со превенција на булингот, препознавањето на проблеми кај децата и нивно решавање. Градоначалникот Герасимовски од директорките побара да му достават списоци на сите обуки реализирани во минатиот период, а се поврзани со булинг и врсничко насилство.

Основните училишта до општината треба да достават и нови предлози, проекти и идеи со кои заеднички, општината, наставниот кадар, учениците и родителите ќе можат да работат на решавање и надминување на потенцијалните насилства.

„Ние, родителите ја имаме најголемата одговорност во воспитувањето на нашите деца. На директорките им дадов конкретни насоки – до крајот на оваа недела да свикаат состаноци на сите училишни тела: Совет на родители, Училишен одбор и родителски средби, да се поразговара за актуелните состојби и заедно со децата, родителите и наставниците да работиме на решавање и на надминување на проблемите на децата во училиштата“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните...

ИНФО

164 шофери заработија казни од полицијата, најмногу за брзо возење

Скопската полиција во текот на вчерашниот ден казни 164 возачи. Од нив...

ИНФО

ДНЕВНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло, претежно во западните...

ИНФО

Во Скопје изречени 161 мерка за прекршоци во сообраќајот

На територија на Град Скопје, Секторот за внатрешни работи во текот на...