ИНФО

„Генералка викенд“ во петок ќе го чисти Ѓорче Петров

Денеска на својот Фејсбук профил, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски најави еко акција под организација на „Генералка викенд“. Еко-акцијата ќе се спроведе на 12 мај (петок) со почеток од 09 до 12 часот.

Акцијата ќе се спроведе на повеќе локации низ општината, а на истата може да се приклучат сите граѓани.

Ова се локациите каде што ќе се спроведува еко акцијата:

  • ООУ Мирче Ацев – реон околу училиштето и улицата покрај градинката
  • ООУ Ѓорче Петров – реон кон модуларната амбуланта
  • ООУ Страшо Пинџур и градинката Пампурче – реон околу месната заедница
  • ООУ Тихомир Милошевски – реон училиште/околу пругата.

Носители на оваа активност се вработените во Општина Ѓорче Петров, како и вработените во училиштата и градинките. Дополнителни гости на акцијата ќе бидат и вработени од Црвениот Крст.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне нестабилно и дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд....

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...