ИНФО

Бектеши: Контролите на зелените пазари ќе продолжат, граѓаните да пријавуваат нерегуларности

Продолжуваат контролите на зелените пазари и кај увозниците на овошје и зеленчук, граѓаните да пријавуваат доколку сметаат дека има нерегулаторности, посочи министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Досега поднесени се три кривични пријави за увзонциите на овошје и зеленчук од страна на Финансиската полиција, а има и десетина прекршочни пријави од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи. Не би сакал да ги кажам имињата бидејќи тоа е работа на Обвинителството и на судството“, информираше Бектеши на прес-конференцијата во Владата.

Тој ги повика инспекторите да ја вршат својата работа, но и им се заблагодари што иако се во мал број  го контролираат спроведувањето на мерките што ги носи Владата.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и топло со мала облачност

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност....

ИНФО

Две лица вчера биле каснати од улични кучиња

Во текот на вчерашниот ден до полицијата стигнале две пријави за каснувања...

ИНФО

СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ДНЕВНИ КОНТРОЛИ: Казнети 137 возачи, 43 за возење без возачка дозвола

Сooбраќајната полиција вчера на територија на град Скопје изрече 137 казни за...

ИНФО

Жичницата на Водно денес нема да работи поради технички зафати

Жичницата на Водно денес нема да работи поради предвидени технички зафати, информира...