По повод неколкудневните критики од страна на читателите по социјалните мрежи околу висината на цените на книгите на тековниот Саем на книга се огласи и Петар Андоновски, автор и дел од издавачката куќа „Полица“. Го пренесуваме неговиот став и изразуваме поддршка со тоа што би нагласиле дека не се скапи цените на книгите, туку не се приоритет за жал.
„Откако е почнат Саемот на книга“ на социјалните мрежи читам колку е лошо. Немало воздух, немало попусти и избор, влезницата била покачена…а никој не коментира дека се е покачено освен книгите. Книгите уште се продаваат по исти цени (иако и печатењето, и закупот на простор на саемот се покачени три пати повеќе од претходно). А особено омилени ми се споредбите со саемите во Европа. И јас сакам да биде нашиот саем како во Европа, па наместо моите книги да се продаваат 300 денари (5 евра), да се продаваат 20 евра, како што се продаваат во Европа, и јас сакам наместо пет луѓе во публика кога се промовира некоја книга на саемот да се плаќа 15 евра влезница колку што чинеше влезницата за моето гостување во Лајпциг.
Да не бидеме себични и да ја гледаме само „нашата“ страна.
САЕМОТ ТРАЕ УШТЕ ДВА ДЕНА(ДЕНЕСКА И УТРЕ), ДОЈДЕТЕ И ДАДЕТЕ ПОДДРШКА!
Leave a comment