АКТУЕЛНО

Ѓуровски: Во трката за пари, по кариера или по преживување, се заборава на децата, потребен е системски пристап

Сите ние во суштина ја делиме одговорноста за денешната наша реалност. Родителите, наставниците, децата и системот. Значи не може да покажеме со прст, конкретно за одговорност, затоа што на еден или друг начин, придонесуваме за ова што денес го живееме. Дополнително, придонесуваат и геополитичките случувања, медиумите и реалноста во која живееме, изјави Ѓуровски пред денешната презентација на научно - истражувачки проект за безбедност во училиштата и градење мерки за превенција, реализиран од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј„ од Скопје, заедно со тим на професори од Филозофскиот факултет.

„Сите ние во суштина ја делиме одговорноста за денешната наша реалност. Родителите, наставниците, децата и системот. Значи не може да покажеме со прст, конкретно за одговорност, затоа што на еден или друг начин, придонесуваме за ова што денес го живееме. Дополнително, придонесуваат и геополитичките случувања, медиумите и реалноста во која живееме“, изјави Ѓуровски пред денешната презентација на научно – истражувачки проект за безбедност во училиштата и градење мерки за превенција, реализиран од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј„ од Скопје, заедно со тим на професори од Филозофскиот факултет.

Дел од предлозите на експертите се да се разгледа можноста за предметна програма од областа на безбедносната култура во основното, средното и високото образование, да се направи контрола на лесното и мало оружје и да се направи анализа на казнената политика во делот на извршителите на насилство.

Сега е моментот, посочи Ѓуровски, кога се врши пререгистрација на дозволите кај граѓаните и мора да се зајакне контролата на начинот на чување на оружјето и почитувањето на регулативата кај стрелиштата.

– Министерството за правда предлагаме да направи анализа на казнената регулатива во делот на политиката на извршителите на насилство. Предлагаме и да се размисли за воведување на задолжителен тест кај учениците од средно образование и од деветто одделение за наркотични средства, еднаш до два пати во текот на училишната година. Треба да се размислува и за обврски на носителите на медиумски услуги, интернет провајдерите, бидејќи дел од тие дарк страници што се користат, се потенцијален ризик, рече Ѓуровски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Општина Бутел ќе биде покровител на документарецот за еден од најголемите олимписки спортисти Шабан Трстена

На предлог на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, а со едногласна...

АКТУЕЛНО

5 нови патеки на Скопска Црна Гора спремни за различен тип на луѓе и скроени за различни годишни времиња

Општина Гази Баба известува дека е реализиран проект со кој се создавани...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: 62 решенија по 7.000 денари за семејствата со новороденче во Центар

62 решенија за новороденчиња на барателите за остварување на правото за користење...

АКТУЕЛНО

Поради инаетот на Арсовска, сега ЈСП ќе плаќа и камати за долгот кон приватните превозници

Јавното сообраќајно претпријатие никако да ја заврши финансиската голгота со приватните превозници,...