АКТУЕЛНО

Работилница за безбедноста во училиштата

„Безбедноста во училиштата-градење механизми на превенција од ризици и рано предупредување“ е темата на работнилницата што ќе се одржи денеска со ученици и наставници во Основното училиште „Вера Циривири-Трена“ во Скопје, во рамки на научно-истражувачки проект на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ) – Скопје.

Од УКИМ информираат дека цел на проектот e подобрувањето на севкупната и личната безбедност на учениците во образовно – воспитните установи, како и намалување на сите облици и типови на насилство помеѓу учениците. Со проектот се опфатени ученици од основни и средни училишта на територија на Град Скопје и во државата. Во рамки на предавањата и средбата со наставниците и учениците ќе се зборува за безбедносните ризици над учениците.

„Во неколку основни и средни училишта преку Проектот на УКИМ е  спроведено истражување, разговор и интервјуа со фокус групи на ученици, наставници, родители и носители на одлуки чиј резултати од истражувачкиот извештај на научно-истражувачкиот проект ќе бидат презентирани. Покрај тоа ќе се одржи работилница, а воедно ќе се најави дека ќе се формираат клубови за превенција во училиштата кои ќе се состануваат определен ден во неделата и на тие средби ќе се одржуваа едукативни работилници“, информираат од УКИМ.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Истражување: Прегратката го прави детето поинтелигентно

Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето –...

АКТУЕЛНО

Град Скопје го одбележа 1 Март – Денот на нулта дискриминација

Градоначалничката на Град Скопје, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип...

АКТУЕЛНО

На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ

Со одлука на директорот на МКЦ, Арбен-Бени Шаќири, на 30 хонорарци од...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Еколошката свест кај децата носи зелена и одржлива иднина

Во рамки на кампањата „Редуцирај. Селектирај. Рециклирај”, и Меморандумот за соработка кој...