АКТУЕЛНО

ПЕТИЦИЈА ЗА ФУНКЦИОНАЛНА ПОЛИКЛИНИКА ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Само 18 отсто од мајките и бебињата биле посетени од патронажна сестра

Граѓаните од Шуто Оризари потпишуваат петиција за добивање на поликлиника која ќе работи и ќе пружа здравствени услуги како што е законски утврдено, а не како досега без доволен број матични лекари и специјалисти.

„Во Законот за здравствена заштита е јасно наведено дека во една поликлиника потребно е да се обезбеди здравствена дејност на две или повеќе ординации од специјалистичко-консултативната дејност и соодветна дијагностичко-лабораториска, односно заботехничко-лабораториска дејност и радиодијагностичка дејност. Меѓутоа ниту една од овие здравствени дејности не се обезбедува во Поликлиниката во Шуто Оризари, што не е случај со поликлиниките во останатите општини во градот Скопје“, вели Борјан Павловски од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.

Преку петицијата граѓаните бараат од надлежните институции во Поликлиниката во Шуто Оризари да обезбедат пункт за итна медицинска помош, дополнителни две опремени ординации за работа на матични лекари, специјалистичко-консултативна здравствена заштита од најмалку четири специјалности: интерна медицина, дерматовенерологија, неврологија и ортопедија; радиодијагностичка дејност (Рентген дијагностика), зголемен број на патронажни сестри и опремена дежурна служба.

Како што посочуваат од ЕСЕ, жителите од оваа општина се соочуваат со сериозни проблеми во пристапот до основните здравствени услуги од примарната и секундарната здравствена заштита. Наведуваат дека кај 35 проценти од Ромите од Шуто Оризари кои повикале Итна медицинска помош, таа не дошла, а кај 40 проценти пристигнала во временски период подолг од 30 минути. Во Шуто Оризари нема доволен број на матични лекари, има 3.675 жители на еден матичен доктор.

„Недостигот на матични лекари сериозно се рефлектира на здравјето на целата заедница. Но стравот е уште поголем поради тоа што и сегашните матични лекари се веќе пред пензионирање, или пак дел од нив го продолжија работниот век, со цел да не се остават дополнителни три илјади граѓани без матичен лекар“, вели Фадил Џемаил од ИРИЗ.

Во Општината, се додава во соопштението, нема ниту еден доктор специјалист кој има договор со Фондот за здравствено осигурување, а нема и рентген апарат. За сите овие здравствени услуги, луѓето од Шуто Оризари треба да патуваат во другите скопски општини. Поради недоволен број на патронажни сестри во општината, само 23 проценти од жените Ромки биле посетени од патронажна сестра при последната бременост, додека 18 отсто од мајките и новороденчињата биле посетени од страна на патронажна сестра.

Петицијата ќе биде потпишувана на терен од самите граѓани, но ќе биде достапна и во онлајн форма, а ја спроведуваат Здружението за развој и унапредување на ромската заедница – Романо Чачипе; Иницијативата за развој и инлкузија на заедниците – ИРИЗ и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Шахот ги освои учениците од Кисела Вода

Шаховскиот Сојуз на Град Скопје, месецов, ги заврши квалификационите училишни натпревари во...

АКТУЕЛНО

Оперската претстава „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини на 2 март во НОБ

На 2 март со почеток во 20.00 часот во Националната опера и...

АКТУЕЛНО

Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март

Од 20 до 24 март во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Комерцијална банка донираше имот на Општина Центар за изградба на јавна зелена површина

По барање на Општина Центар, Комерцијална банка донираше имот за изградба на...