ИНФО

Орце Ѓорѓиевски ќе ги „рехабилитира“ улиците во 11 Октомври

Денеска, со гребење на асфалтот на ул. “Петар Драпшин”, започнаа градежните активности во скопската населба  11 Октомври Бараки. Како што најави градоначалникот на Кисела Вода, улиците ќе се прават три месеци односно до првата половина на август. Нов асфалт се поставува на површина од 11 000 метри квадратни. Реконструкција на овој потег опфака, санација на коловозите и тротоарите. Нов асфалт и тротари ќе добијат и “Ефтим Спространов”, “Лазар Димитров” и “Лав Tолстој”.

„За рехабилитацијата на “Петар Драпшин”, средствата се обезбедени од “Проектот за поврзување на локални патишта” кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка“, соопштии градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил.

Дополнително, на овие улици ќе се поставува ново штедливо осветлување, а дотраените светилки ќе се заменат со лед сијалици.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

ИНФО

Гази Баба почна со изградба на трибина во дворот на ООУ Наум Охридски

– Општина Гази Баба почна со изградба на трибина во дворот на...

ИНФО

Утре протестен марш на Здружение на Украинците во Македонија

Здружение на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ на 24 февруари (сабота), со...

ИНФО

Викендов зголемена облачност, засилен ветер и слаб дожд

За време на викендов ќе има зголемена облачност со локален слаб дожд...

ИНФО

Скопско кафуле сите пари од еспресото ќе ги донира за Леонид

Кафуле во Скопје денес нема да го наплаќа кафето, односно сите пари...