ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 15 МАЈ!

Раковите ќе го докажат максимумот на работното место, Близнаците и Девицата се во хаос, а еве на кој знак животот ќе му се промени во целост.

Затемнувањето на полната месечина во Шкорпија (5 мај) помина, а ефектите од овој важен астролошки настан ќе се чувствуваат во наредните шест месеци. Ретроградниот Меркур сеуште трае, а повеќето луѓе не можат да се фокусираат на задачите, додека пак комуникацијата е тешка. Сите одлуки кои ви претстојат, треба да ги одложите за втората половина на мај, кога аспектите на небото ќе бидат поповолни.

ОВЕН

РАБОТА – Марс во Рак не ви одговара, па имате минимум енергија. Поради ова, немате истрајност во одлуките и задичите на работа. Во поповлечена фаза сте, но планетите работат за вас кога се финансиите во прашање. Венера и Марс во Рак фаворизираат независен бизнис, па ќе размислите како да започнете сопствен бизнис. Нагласениот знак Бик ви носи можност за заработка од два извора. Додека Меркур е ретрограден, преговорите ќе бидат тешки (15 мај).

ЉУБОВ – Венера влегува во Ракот, па романтиката се враќа на голема врата. Ќе бидете окупирани со семејните детали и вашиот дом ќе биде најважното место за случувања во овој период. Сега е можност да се поправат некои затегнати семејни односи. Ако сте слободни, ќе уживате во друштво на млад човек кој поседува традиционални вредности.

ЗДРАВЈЕ – Послабо, стомачни проблеми.

БИК

РАБОТА – Сезоната на вашиот знак започна сериозно, а вие се подготвувате за влез на Јупитер во вашиот знак. Тоа подразбира дека имате многу обврски и дека не можете да успеете да завршите се што сакате. Ретроградниот Меркур зема голем замав, па добивате различни дезинформации кои ве тераат да правите погрешни проценки. Оставете ги сите големи одлуки зад себе до 15 мај, кога Меркур ќе престане да биде ретрограден, а Јупитер ќе влезе во вашиот знак.

ЉУБОВ – Венера влегува во Рак, па ќе бидете склони кон романтични пораки. Некој близок ќе ви го привлече вниманието. Ова е некој кој е емотивен, но отворен во своите намери. Во вашето опкружување или соседство има личност која ќе ви го привлече вниманието. Можно е кратко патување.

Здравје – Добро.

БЛИЗНАЦИ

РАБОТА – Ретроградниот Меркур е во сила до 15 мај, па не треба да се надевате на голема промена на работното место. Никој никого нема да разбере, а ќе добиете лажни ветувања за деловни преговори кои ќе бидат пролонгирани. Марс во Рак во втората куќа може да ви донесе нова деловна понуда која подобро ќе ви биде платена. Венера влегува и во Ракот, па може да очекувате помала добивка. Нагласеното дванаесетто поле не ви дозволува да видите кои се вистинските намери на луѓето околу вас.

ЉУБОВ – Јупитер се приближува до Бикот, па односот со партнерот се повеќе се менува. Од динамичен период во кој партнерот преку ноќ ги менуваше одлуките преку ноќ, се приближувате до моментот кога ќе има повеќе време за опуштање. Доколку сте слободни, очекувајте да запознаете личност која работи во тајна организација.

ЗДРАВЈЕ – Ментални проблеми.

РАК

РАБОТА – Јупитер во Овен ве принудува да се докажувате на работа уште неколку дена, па трошите многу енергија за да ги постигнете сите ваши цели. Поради Марс во вашиот знак често ќе влегувате во конфликти со луѓе кои немаат исто мислење како вас, а сето тоа негативно ќе се одрази на работата. Меркур е ретрограден, па ви носи лоши преговори и потенцијални измами. Треба да внимавате што потпишувате за да не станете жртва на измама.

ЉУБОВ – Венера се приближува кон вашиот знак, што значи дека е време за разубавување. Ќе бидете многу привлечни и неодоливи за луѓето што ќе ги запознаете. Ако мислевте дека вашиот емотивен живот е монотон, знајте дека тоа многу брзо ќе се промени. Можно е да се заљубите како никогаш досега бидејќи ќе бидете отворени за покажување емоции. Ве очекуваат нови познанства.

ЗДРАЈВЕ – Трошите многу енергија на деловни проекти и треба повеќе да се одморите.

ЛАВ

РАБОТА – Сонцето во Бик во аспект со Уран, ви носи нагли промени на работното место. Се соочувате со нова технологија, начини на работа и професионални обврски на кој се уште не сте навикнати. Во наредниот период можете да очекувате големи промени на работното место, но и промена на работните места. Ретроградниот Меркур ги забавува вашите финансиски трансакции, па плаќањата ќе бидат одложени до 15 мај.

ЉУБОВ – Уран во Бик во аспект со Сонцето, внесува иновации во односот со саканата личност. Ако сте слободни, ќе размислувате за личност од вашето работно место. Ова е некој кој е амбициозен, но оптоварен со работа. Флертувањето на работното место може да биде привлечно, но многу комплицирано. Доколку сте во брак, можна е криза поради потребата од повеќе слободно време.

ЗДРАВЈЕ – Послабо.

ДЕВИЦА

РАБОТА – Ретроградниот Меркур работи со полна сила, па вие сте дефокусирани и не знаете која е правилната одлука на ниту едно поле. Веројатно имате планови за патување кои не се остваруваат. На работа работите се менуваат од ден на ден, па немате јасна идеја како да се позиционирате на работното место. Доколку сакате да ја смените работата, треба да почекате до крајот на месецот за да имате рационална претстава за тоа што се случува.

ЉУБОВ – Венера влегува во Ракот, па ќе почнете да мислите дека личноста со која се дружите може да ви стане нешто повеќе. Доколку сте во брак, Сатурн носи нов товар на одговорност и обврски, па вашата врска ќе биде потешка отколку во претходниот период. Во секој случај, ве очекува интересно познанство, а ќе им се допаднете на Раковите, Биковите и Рибите.

ЗДРАВЈЕ – Послабо.

ВАГА

РАБОТА – Влегувањето на Венера во Рак укажува дека кариерата ќе ви биде приоритет во наредниот период. Повеќето од настаните ќе бидат на работа и пред вас се големи промени. Добар период е за решавање на имотни прашања, иако многу работи ќе се пролонгираат до 15 мај. Иако моментално чувствувате голем притисок од претпоставените, знајте дека ситуацијата ќе се стабилизира по 20 мај.

ЉУБОВ – Венера и Марс во Рак ве прават емотивни, но и ранливи. Ќе бидете емотивно поотворени за луѓето кои ви се допаѓаат, но и лесно ќе се навредувате доколку некој ги повреди вашите чувства. Ќе ви се допадне личноста што ја гледате низ работата, но ќе сфатите дека тоа е ваш привремен интерес.

ЗДРАВЈЕ – Болки во стомакот.

СКОРПИЈА

РАБОТА – Нагласената седма куќа ви носи промени кога станува збор за деловното партнерство. Може да очекувате да завршите некои преговори, но тоа ќе оди во сосема неочекуван правец. Можна е промена на работното место, која ќе го промени текот на настаните. Ова е одличен период за соработка со странски компании. Марс во Рак фаворизира долги патувања, но и дополнително образование.

ЉУБОВ – Венера влегува во Рак, па ќе имате познаник со некој кој доаѓа од пат. Ова е некој кој е емотивен, но срамежлив. Ако сте разведени, ова планетарно соѕвездие може да укаже на средба со нов партнер. Исто така, некои Скорпии можат да планираат романтично патување под влијание на Венера во Рак.

ЗДРАВЈЕ – Чувствително.

СТРЕЛЕЦ

РАБОТА – Многу планети во Бик, заедно со доаѓањето на Јупитер, кој влегува во истиот знак на 15 мај, укажува на промени на работното место. Ќе имате многу можности да започнете нешто ново, но и да бидете позадоволни од работата што ја работите. Доколку планирате да го промените работното место, ќе слушнете за нова деловна можност која може да ви донесе крај на сегашниот работен однос. Динамичниот период на работното место трае долго, така што секој ден се повеќе го чувствува доаѓањето на големи промени.

ЉУБОВ – На вашето работно место има личност која ја познавате веќе подолго време и ќе се обиде да го обнови контактот со вас. Бидејќи е некој од минатото, нема да ви биде интересно. Почекајте до 15 мај за да имате поголеми шанси да запознаете некој нов. Можноста за обновување на старата романса не е најдоброто решение.

ЗДРАВЈЕ – Променете ја исхраната.

ЈАРЕЦ

РАБОТА – Поради ретроградниот Меркур, ситуацијата на работа е похаотична од било кога, а вие се обидувате навреме да ги завршите обврските. Вашите колеги се услужени, а ситуацијата на работа е далеку од организирана. Обидете се да бидете трпеливи во наредните денови додека Меркур не тргне напред.

ЉУБОВ – Планетите во Бик ви носат нови познанства на јавно место. Една личност од минатото во знакот на Бик, ќе сака да го обновите контактот до крајот на следната недела.

ЗДРАВЈЕ – Послабо.

ВОДОЛИЈА

РАБОТА – Уран во Бик ви носи големи турбуленции, па имате впечаток дека деловните обврски ве оптоваруваат дури и кога сте дома. Ќе мора да работите повеќе, било прекувремено или дома, што можеби е подобра опција. Марс и Венера во Рак, ви носат зголемен обем на работа и обврски.

ЉУБОВ – Сонцето во Бик не ве радува, па носи многу расправии со личноста за која се грижите. Вие и вашиот партнер сте оптоварени со работа и односи со роднините, па не можете да најдете заеднички јазик. Не е добра недела за почеток на нова романса.

ЗДРАВЈЕ – Полошо.

РИБИ

РАБОТА – Почна периодот на големи промени, а вие тешко се прилагодувате. Сатурн го започна својот циклус на промени и тоа важи за сите области од вашиот живот. Деловното партнерство е на тест бидејќи Меркур е ретрограден, што ви го отежнува постигнувањето на какви било договори.

ЉУБОВ – Меркур е ретрограден, па не треба да очекувате големо поместување во емотивните односи. Постојано размислувате за личноста со која сте биле блиски во минатото. Новите познанства ве чекаат на 15. мај, кога Меркур ќе тргне напред. Помирувањето со бившиот партнер лесно може да биде погрешна одлука.

ЗДРАВЈЕ – Чувствително.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

Љубовен хороскоп до 2 март

Венера, планетата на љубовта, е во Водолија заедно со Марс, каде силно...

ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

Неделен хороскоп за 26. февруари до 3. март

Прочитајте го неделниот хороскоп од 26. февруари до 3. март 2024 година...

ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

Нeделен хороскоп од 19. до 26. февруари

Пред нас е недела полна со непредвидливи настани бидејќи во Водолија се...