АКТУЕЛНО

„НА ТОЧАК“ НЕЗАДОВОЛНИ: Данела смени асфалт ама не направи велосипедски патеки на Рузвелтова

Град Скопје пред десетина дена заврши со реконструкција на улицата Рузвелтова, но на неа не изведе велосипедски патеки. Поставен е само нов асфалт на потегот од Илинденска до булеварот Партизански одреди, но лента за велосипедисти нема.

„Добиваме реконструирана улица, но со комплетно истото решение. Уште една пропуштена шанса за Скопје со реконструкција на улица да добие поквалитетно решение. Рузвелтова можеше и требаше да стане важен градски вело-конектор меѓу булеварите Илинден, Партизански Одреди и улицата Теодосиј Гологанов, дел од градската вело-мрежа, врска на Капиштец и Водно со Буњаковец, Дебар Маало, Карпош 1, Градскиот парк, Вардар“, велат групата поддржувачи на велосипедскиот сообраќај во Скопје „На Точак“.

За нецелосната реконструкција реагираше и советникот во Град Скопје од „Зелен хуман град“ Горјан Јовановски велејќи дека Градот направил проект за реконструкција што вклучува што е можно повеќе асфалт, а ги заборава велосипедистите, пешаците и зеленилото.

„Таман делумично ги направивме вело-патеките на Гологанов, овде ја оплескавме работата. Експерти сме во два чекори напред, три назад“, напиша Јовановски на својот фејсбук профил.

Реконструкцијата на Рузвелтова чинеше 190.000 евра.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...