СЦЕНА

НА ПЛОШТАД И НА ШКОЛКА: Концерти на воени оркестри

Воените оркестри од армиите на Република Северна Македонија и на САД за Европа и Африка денеска и утре, како дел од предвидените активности во пресрет на вежбата „Брз одговор 23” ќе одржат два издвоени концерти.

Воениот оркестар на Армијата на САД за Европа и Африка денеска на пладне ќе изведе самостоен настап на градскиот плоштад во центарот на Скопје.

Двата воени оркестри утре ќе изведат заеднички концерт во градскиот парк кај „Школка“.

„Посетителите ќе имаат можност да проследат повеќе популарни џез, поп, рок и соул нумери со кои ќе се претстави сојузништвото и ќе се испратат пораки на пријателство и мир“, соопштија од Генералштабот на Армијата.

Воените оркестри на двете сојузнички армии како дел од армиската соработка, веќе традиционално пред почеток на поголемите вежбовни активности одржуваат заеднички концерти.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ вечерва во МНТ

На големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје, вечерва со почеток...

СЦЕНА

„Кино Утро“ во Кинотека почнува на 9. јануари „Зоки Поки“

Во текот на зимскиот распуст, на почетокот на јануари, веќе традиционално Кинотеката...

СЦЕНА

Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески на ‘HBO Max’

– Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на...

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...