ИНФО

Комисијата за заразни болести бара целосно укинување на ковид мерките, но препорачува ризичните пациенти сепак да носат маски

Комисијата за заразни болести му препорача на Министерството за здравство и на Владата да бидат укинати сите задолжителни мерки за Ковид-19, а тоа се задолжително носење маски во болниците, јавниот превоз, аптеките и во домовите за стари лица и лица со посебни потреби.

Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ на денешната прес-конференција рече дека ова следува по последниот состанок на Светската здравствена организација на која Советот за итности препорача укинување на итната состојба за Ковид-19.

Предлогот се однесува и на тоа Ковидот да се третира како вообичаена заразна болест која ќе биде на ниво на другите болести.

„Препорачуваме и понатаму луѓето кои ќе прават посети во болници или оние кои ќе се најдат во болница за каква било друга услуга или интервенција се уште да користат заштитни маски особено доколку се во високата ризична група на граѓани кои имаат повеќе болести, кои се над 65 години бидејќи носењето маски ни укажа на тоа колку може да се превенираат интрахоспиталните инфекции“, рече Мехмедовиќ.

Тој информира дека се намалува бројот на заразени од Ковид-19 кои се регистрираат на неделно ниво, а рекордно најниско ниво на заболени од ковид е регистриран минатата недела – 66 заболени. Во последниот извештај нема починати, а оние кои се заразени се лесни случаи кои не се на респираторна поддршка.

Ковидот, како што рече Мехмедовиќ, ќе остане да биде присутен меѓу нас, прогласување на крајот на сите мерки не значи дека веќе нема да го има и ќе треба да внимаваме.

Се уште стојат препораките за вакцинација против Ковид-19. Според Мехмедовиќ, тоа е една од методите којашто не доведе во ситуација да направиме колективен имуминтет.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...

ИНФО

Данела ги врати новогодишните куќарки на плоштад

Вратени се новогодишните куќарки на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Во текот на...