ИНФО

Зголемени трошоците за живот, а намалени малопродажните цени

Трошоците за животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0,7, а цените на мало за 1,4 отсто. Во однос на април лани, пак, трошоците за животот бележат раст од 13, а цените на мало од 10,1 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај цигарите за 8,1 %, свежиот и зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2%, месото за 1,4 %, виното за 1,2 %, кафето, чајот, какаото за 0,5 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, жестоките пијалаци за 0,4 %, рибата и морските плодови за 0,2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 6,5 %, свежото и разладеното овошје за 3,2 %, млекото за 3,4 %, сирењето и урдата, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,5 %, лебот и житата, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,4 % и пивото за 0,3 %.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Поради дефект УКИМ без вода

ЈП “Водовод и канализација“- Скопје известува дека денес поради уличен дефект ф-150...

ИНФО

Партерно се уредува Бутел 2

Започа партерното уредување и засадување на ново зеленило во населеното место Бутел...

ИНФО

ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ: Каде денес ќе нема струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека неколку...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со температура до 18 степени

Времето денес претпладне ќе биде променливо облачно и релативно топло. Во јужните...