СЦЕНА

„Животни“ – изложба на керамики од Соња Поповска Трајковска

Во Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2 вечер ќе биде отворена изложбата на керамики од Соња Поповска Трајковска „Животни“. Изложбата ќе биде отворена до 15 мај.

Животните се голема инспирација за творештво. Нивната разноликост е површина  за обработување со многу капацитет за текстура, стилизација, линија. Урбаноста на секојдневието ме наведе да им посветам дел од серијалот /циклус на животните, кои се најчесто од нашево поднебје, (не дека ги нема низ светот). Со Магарето почна се и така му се придружија преостанатите. Скулптурите се мал формат, моделирани во керамичка замја, печени, теракота. Продолжувам со овој материјал од многу причини, можности за обработување на површината, перфорирање а воедно задржан волумен. Делата на изложбата се изработени оваа година, вели авторката на изложбата од керамики.

Соња Поповска-Трајковска е родена 07 јануари 1969 година во Скопје. Дипломиран скулптор во керамика во ФЛУ Скопје во 1997 година. Од 1997 година активно редовно учествува на многубројни групни изложби во и надвор од државата, како и бројни самостојни изложби, организира и реализира авторски мултимедијални проекти. Таа е организатор во здружение на граѓани „Училница осум 8“, член е на ДЛУМ. Редовен ликовен педагог е во ООУ „Димо Хаџи Димов“-Скопје.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ вечерва во МНТ

На големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје, вечерва со почеток...

СЦЕНА

„Кино Утро“ во Кинотека почнува на 9. јануари „Зоки Поки“

Во текот на зимскиот распуст, на почетокот на јануари, веќе традиционално Кинотеката...

СЦЕНА

Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески на ‘HBO Max’

– Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на...

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...