ИНФО

Екипи на Црвен крст ќе проверуваат колку возачите знаат да пружат прва помош

По повод 8 Мај, Светскиот ден на Црвениот крст и на Црвената полумесечина, Црвениот крст на Град Скопје денеска организира јавен настан на кој ќе биде промовирана новата поштенска марка, а ќе има и теренска вежба – укажување прва помош од учесници во сообраќајот/возачи.

Планирано е настанот да се реализира на пет локации, и тоа: Порта Македонија – Центар, пред бензинските пумпи на „Лукоил“ во Автокоманда, Аеродром, Кисела Вода и Карпош.

„На централната локација, со почеток во 11 часот, ќе биде промовирана поштенската марка во соработка со Македонска пошта и ќе има официјални обраќања на локацијата. Во исто време, на останатите локации ќе бидат поставени пунктови со симулација на повредени лица на кои треба да им се укаже прва помош. Сообраќајната полиција ќе запира учесници во сообраќајот со моторни возила со цел проверка на знаењата со практично прикажување прва помош. Секој учесник кој правилно ќе ги санира повредите, ќе добие награда сет за прва помош во автомобил. Исто така, на учесниците во вежбата ќе им биде поделен и информативен материјал за значењето и примената на прва помош во секој сегмент од животот “, информираат од Црвениот крст на Град Скопје.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне нестабилно и дожд

Времето денес ќе биде Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...