АКТУЕЛНО

Во еден ден приведени 5 деца оти на социјалните мрежи се заканувале на професори и соученици

За само неколку дена во скопската полиција биле приведени на разговор шест ученици од средно и основно училиште, затоа што преку социјалните мрежи се заканувале и на професори и на свои соученици. Во истиот период, според билтенот на Министерството за внатрешни работи директорка на основно училиште пријавила дека дете отишло во училиште со пластичен пиштол и го вперило кон други ученици, а кај друго дете во друго училиште во Општина Карпош бил пронајден неиспукан куршум.

Во едниот случај три малолетнички и едно полнолетно лице на социјална мрежа, како што пријавиле вработените во училиштето, објавиле содржина со закана кон друго дете, кое учело во истото училиште. Веднаш по пријавата и децата и нивните родители биле приведени на разговор во полициска станица, за што е се известени и јавен обвинител и Центарот за социјални работи. Во моментов се преемаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден, друго малолетно дете, кое го пријавил директорот на училиштето во кое учи, е повикано на разговор во полиција затоа што на социјална мрежа се заканувал по животот на професорите.

Детето пак кое дошло во училиште со пластичен пиштол и истиот го вперил кон други деца, освен што е спроведен службен разговор со него, за случајот е известен и јавен обвинител, како и Центарот за социјални работи за натамошно постапување. И за ученикот кај кој бил пронајден неиспукан куршум е запознаен јавен обвинител.

По случувањето во Белград, каде 13-годишно момче уби 9 и рани повеќе лица во основно училиште, Министерството за образование и наука во петокот отвори две нови електронски адреси на кои може да се пријавува врсничко насилство и загрозување на безбедноста во сите училишта во земјава. По училиштата се одржуваат и работилници на оваа тема, а се најавуваат и нови протоколи, подготвени од стручни лица.

„За два дена пристигнаа десетина пораки на електронската адреса за пријавување врсничко насилство во училиштата prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk . Дел од нив се однесуваат на врсничко насилство, а има и од поранешни професори, со сугестии како да се превенира и намали насилството меѓу децата и младите од училишна возраст, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).

„Со отворањето на електронската адреса, Министерството за образование и наука воспоставува брз, доверлив и безбеден начин, преку кој учениците, родителите и граѓаните можат да пријават инциденти, како дел од системот за идентификување и запирање на непосакуваните однесувања. Секоја пријава ќе се истражи и ќе се преземат соодветни мерки“, додаваат од ресорното министерство.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Истражување: Прегратката го прави детето поинтелигентно

Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето –...

АКТУЕЛНО

Град Скопје го одбележа 1 Март – Денот на нулта дискриминација

Градоначалничката на Град Скопје, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип...

АКТУЕЛНО

На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ

Со одлука на директорот на МКЦ, Арбен-Бени Шаќири, на 30 хонорарци од...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Еколошката свест кај децата носи зелена и одржлива иднина

Во рамки на кампањата „Редуцирај. Селектирај. Рециклирај”, и Меморандумот за соработка кој...