СЦЕНА

ВО ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА: Промоција на „Папокот на светлината“

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечер со почеток во 19 часот, ќе биде промовиран романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски, добитник на наградата „Стале Попов“ за 2022 година. За делото ќе говори проф. д-р Кристина Николовска, фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски, а модератор на настанот ќе биде Братислав Ташковски.

„Папокот на светлината“ е роман за потрагата по Бога, на препознавањето на Бога во човекот и обратно. Ова е роман и за значењето на маргините, за читањето меѓу редови, за сите предизвици и искушенија на современиот човек и неговата секојдневна борба со постмодерниот ѓавол кој доаѓа од сите страни, па и во множина, стои во одлуката на жирито за наградата „Стале Попов“ за 2022 година.

Андоновски е трикратен добитник на ова признание, прв пат во 2001 година за „Папокот на светот“, а во 2012 година за романот „Ќерката на математичарот“. Тој е еден од најчитаните и најизведувани македонски драмски автори во последниве две децении. Делата му се преведени на десетина јазици, меѓу кои и на англиски, француски, руски, унгарски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски. „Папокот на светлината“ (издание на ТРИ) е неговиот петти роман.

Претставувањето на добитниците на најпрестижните награди на Друштвото на писателите на Македонија е долгогодишна традиција на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, која ги поддржува македонската книжевна продукција и македонските автори и преку нивно доближување до читателите.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...

СЦЕНА

Омаж за Каталин Ладик и претставата „Слугинки“ вечерва на МОТ

Претставата „Слугинки“ во продукција на Турскиот театар во Скопје вечерва ќе биде...

СЦЕНА

Десетици театарски настани, претстави, предавања и промоции на 48 издание на Младиот отворен театар – МОТ

МКЦ го најавува 48-то издание на Млад отворен театар – МОТ, од...

СЦЕНА

Почна „Скомрахи 2023“, на програмата 25 филма и седум студентски пиеси

Со краткиот филм „Тага“ во режија на Тина Величковиќ и дипломската театарска...