АКТУЕЛНО

1.500 натпреварувачи трчаа на уличната трка во Скопје

Околу 1.500 натпреварувачи трчаа на „ХалкЕко Скопје трча 10 км“ што денеска се одржа низ скопските улици.

Победник во машка конкуренција на седмото издание на оваа трка е Дарио Ивановски со време од 30:22 минути, на второто место се најде Тирон Мамуша од Албанија за 32:29 минути, додека трката трет ја заврши Иван Пешовски за 32:53 минути.

Кај дамите целта прва ја помина Билсерин Сулејман од Бугарија за време од 36:58 минути, второто место и припадна на Биљана Кираџиева од Србија за време од 38:54 минути, додека пиедесталот го надополни Маринела Цекова од Бугарија која ја зврши трката како третопласирана за 40:30 минути.

„Од локална трка која започна пред 7 години, ХалкЕко Скопје трка 10км прерасна во меѓународна трка. Оваа трка е втората трка во Македонија која е светски признаена од АИМС и Светска атлетика. Секоја година се зголемува бројот на учесници на оваа трка, што докажува дека нашите граѓани го сакаат трчањето и здравиот начин на живот. Во оваа прилика сакам да им честитам на победниците и ги поздравувам сите кои учествуваа на седмото издание на ХалкЕко Скопје трча 10км“- изјави Гордана Николовка од Сојузот на спортови на Скопје.

„ХалкЕко Скопје трча 10км“ е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, ко-организатори се Триатлон федерација на Македонија и А.К. Работнички, под покровителство на Агенција за млади и спорт и Град Скопје.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Две училишта и детска градинка од Карпош користат енергија од фотоволтаици

Денеска беше пуштен во употреба првиот фотоволтаичен систем за добивање на електрична...

АКТУЕЛНО

Скопје разубавено со над 2.000 садници

Со садење на над 2.000 садници, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,...

АКТУЕЛНО

Ќе се градат градинки во Трубарево и Инџиково

Општина Гази Баба ја започна постапката за изградба на нови детски градинки...

АКТУЕЛНО

Утре времен сообраќај на улицата Орце Николов во Дебар Маало

Општина Центар информира дека во текот на утрешниот ден, сабота, 2 март,...